Да високи ти се ништо консултација одма со гинекологот, јас денес бев и ми препишаа клексани докторот рече чим вака неможеш без нив ќе ср боцкаш најверојатно до крај.Тоа е подобро е да се боцкам.
Дали примаш терапија? Позади на извештајот треба да ти пишува. Д-димерите нормално е да се поткачени во бременост.
Леле не знам.. го немам моментално кај мене само ова ми го сликнаа.. а значи треба да пишува дали треба да примам? Аха не ми е јасно ништо со овие димери бре Кога ќе го имам во мене ќе видам Фала ви
ве молам за совет доколку некоја има искуство! За време на бременост примав Clexane и Fraxiparine ради безбедност и малце времињата ми беа скрстени. После порагај дека царски димерите ми скокнаа 8000, примав Clexane и паднаа на 4300, па Fraxiparine уште една недела и дојдоа 800, ми пишале незначително покачени ама пак ми дадоа уште недела Fraxi и препорака за контрола. Поради ситуацијава не ми се оди на контрола па дали некоја има слично искуство да каже дали да одам. Да напоменам и дека гинекологот не ми е баш заинтересиран за ситуацијата така што немам со кого да се консултирам од страна на мед. лица.
Најдобро да се јавиш на трансфузиологија и да се консултираш ако не е "страшно" ќе ти објаснат кога да ги провериш
Искрено да ти кажам и јас бо понеделник треба да одам ама матичната ми е роднина и ми се јави дека немало ни доктор таму некоја пациентка била и се испоразвикале зашто отишла. Не знам што да ти кажам ако има некој број па да се јавиш. Освен ако има некој друг по упатен нека каже
Јас би одела, втора смена нема толку гужва. Минатата недела бев, ме боцнаа, чекав во кола резултати, докторката пишала извештај и само ми го дадоа не влегував кај неа. Носев и маска и ракавици, веднаш ги фрлив и дома алиштата у машина на перење а јас под туш. Не е играчка, може ке треба уште една недела да се боцкаш
Здраво девојки, Ве молам за помош. Каде на приватно испитуваат д-димери и како се движат цените поради ова короната страв ми е да одам на клиника а и незнам дали работат. Ви благодарам
Менче Точи новинарката денеска имаше напишано баш пофален статус за Авицена. Немало гужва, давале маски и сл. Само имај на памет дека цената е помала зашто се испитува само активното време, а не цела хемостаза.
А како отиде, мене матичната не ми дава упат. И се јавив ми вика неможе не примаат оди си на приватно
Минатиот месец отидов со 24 часовен упат и контрола имав за денес и така отидов викам ако ме вратат тоа е ама па за моја среќа не ме вратија