Колку ви се времињата. Мене сега последнава контрола едното ми беше паднато, ако е граница 27, мене ми беше 25 и ми рече докторката дека најверојатно ќе треба клексани. Засега ми остави аспиринот да го терам, ама пак контрола, па да видиме што ќе правиме. а д димерит ми беа во ред - 460
Јас ги примам клексаните 2 месеца, сега сум 33та недела. На почеток аптт ми беше 21сек, па се накачи на 23сек, за на последнава контрола пак да се спушти на 20сек. Клексани примам еднаш дневно иначе. Кој период од денот ги ставате клексаните?
Сите ми беа под медијаната (нели има и некоја средна вредност на резултатот), а сепак во рамки на реф.вредности. Актиивно парцијално под долна граница -резултат 22, а долна граница 27. Му ги пратив резултатите на гинеколлгот и он кажа се согласува со препораката. Ме фати паника од 2 клексана, мораше да ми потврди и он
Што мора ќе се прави. Кај мене само активното е 25 без испиен аспирин пред испитувањето. Докторката што ме води ми рече да терам до наредна контрола со аспирин, па ќе видиме. Само се мислев дали да форсирам порано да почнам иако и на наодот од трансфузиологија ми пишува дека не треба терапија. Ама јаде за неполни две недели сум на втор скрининг, па ќе видиме што ќе кажат тогаш.
Јас ако споредувам со референтни вредности само активново е под. Ама најверојатно и другиве тежнеат надоле. Појма немам. Чим и гинекологот ми кажа ок е 2 да примам, значи ок е За 2 недели и јас сум на контрола пак. Треба во 7 да се боцкам, а во 11 да ме боцкаат. Сака да измери како делува клексанот. Денес ми стигна решението за клексаните за кои добив пари во февруари
Добро е ако има консензус меѓу двата доктори, ете и кај тебе се согласни за терапија и кај мене дека сега не треба за сега. другите ми беа баш во нормални рамки. А д димерите тебе како ти се? Мене пари ми дадоа, решение сеуште не сум добила
Јас се боцкам и заради мутациите. @kukla21 и ти имаше мтхфр мислам. Ама ми дадоа по еден клексан отпочеток. 5-та недела ми беа паднати многу тримбоцитите а ддимерите малку над граница. Времињата ми се намалени цело време. Пијам секој втор ден аспирин и секој ден клексан. До 14,15 та недела се боцкав во стомак. Сега рака. Нога не можам. Инаку треба да се менува лева, десна ама од модриците се случува5,6 дена една страна да боцкам. @kukla21 мислам дека немаме тема за клексан. Може да отвориш.
А ти боцкаш по еден клексан цело време? Мислам ова е соодветна тема и за клексаните, нели тие се терапија за проблематикава?
^ По еден да. Ама плус и аспирин. Пиев секој ден а од 5-та нед секиј 2 ден зошто од него паѓале тромбоцитите. Аспирин пиев од 5 месеци пред бременост а клексани се боцкам од 5-та нед.
Мешиња јас испитав д димери и хемостаза во 8ми септември, ми рекоа резултатите се одлични но нема реф.вредности за да споредам, еве ги резул.
zdravo mamicki jas deneska zavrsiv gi dobbiv rezultatite ,dimerite mi se dobri 1380 i vo toa mislenjeto mi pisuva{naod vo granici na normalata } FALA VI NA SITE ZA PODRSKATA se nadevam deka kaj site ke bide dobro i so lesno
Здраво девојки , јас сум 23 недела и досега не сум испитала д димери. Па сакав да ве прашам дали треба да има некакви индикации да се испита или што? Мене матичната досега не ми кажала па сакам да си побарам упут за секој случај. Фала ви
Не сите доктори праќаат на испитување, особено не кај нормални бремености без индикации. Јас некако дека од пункција примав терапија фраксипарин, па почнав од почеток да контролирам, па си фатив ред и редовно заради себе, за мирна глава одам. После 6 недела прекинав терапија (ниту фраксипарин, ниту аспирин). После прв скрининг ми го вратија аспиринот, ама сега на последната контрола ми беше паднато време на коагулација, па до наредна контрола останувам со аспирин да видиме, ако паѓа уште ќе ме вратат на терапија, ако не ќе терам само со аспирин. Ако мислиш дека тебе ќе ти биде помирна глава земи си упат и испитај, ништо страшно не е, едно боцкање и резултатити уште истиот ден.
Во врска со тие времињата, цело време ми се под граница. Боцкам по еден клексан и еден аспирин( секој 2 ден). Гинекологот вика нормално било кај трудни да се под ниво. А на толку боцкања па ниеднаш не се качија .... @ada21 за ддимери обично даваат кај нас со тромбофилии, ин витро, лакуни на постелка, бебе ако не се развива доволно.... Ако не ти даваат упат направи си приватно, чисто да не ги мислиш
Тебе значи сепак со терапија ти ги одржуваат на некое ниво. Ако не ја примаш терапијата сигурно би ти паднале уште повеќе.
Здраво феминки Јас сум веќе 30 недела и матичниот ми даде клексани 16 да примам поради калцификати на плацента и Д-димерите ми беа 1563. Па повторно контрола откако ќе ги допримам клексаните. Ми рекоа да се боцкам во рамо,но веќе после примени 9 клексани местата ми се тврди и не ја примаат иглата. Дали има некоја со слично искуство и каде на друго место сте се боцкале? Ви благодарам
@Ece 1309 сигурно не ги боцкате убаво. Нека ти објаснат убаво околу боцкањето. Јас со месеци ги примам , стврднувања немам, само модрици. Друга опција ти е во нога , јас не би пробала, езиво е. Во стомак се боцкав до 14 нед. ама ти сега нема шанси.
Ти благодарам Ели на одговорот, најверојатно до тоа е. Ги боцкаме како што ми рекоа,ама најверојатно некаде правиме грешка. Ќе прашам повторно.