Мене ми рекоа сега од овој месец кај нив пак ги носиме, пред месец дена пуштаа по еден внатре сега незнам како е.
Појма немам, ни мене не ми е јасно. Тој во ФЗО не можел да види кој документ ми бил проблем па спомна конзилијарно мислење. Инаку претходно кога им се јавив исто во ФЗО ми кажаа точно кој документи треба и истите ги поднесов. Се јавив во подрачната единица кај што ги поднесов, ми рекоја дека не работат со ситуацијава и така ќе ги побарам следната недела пак
Девојки ај помош не се сеќавам како сум го пополнувака барањето Клексанот е за лек на рецепт или за лек пд болничка листа Кај требаше да штиклирам за извештај од докторот под а или б
Е така, срамота. Толкав стомак со тромбофилија и не сум итен случај ме процени од око. Се мислам утре пак да одам или во вторник.
Девојки, првс бременост ми е и прво испитување нс д димери и хрмостазс. Првите две испитувања ми се во 7ма и 11та недела испитани на клиника на трансфузиологија. Сега, во 15та недела ми се испитани во Авицена. За ниедно немам мислење од трансфузиолог иако резултатите се околу 2.000. Докторот упорно бара мислење од трансфузиолог, а кога прашувам за мислење, добивам одговор дека мислење не даваат и дека докторот што ми ја води бременоста треба да одлучи дали ќе даде клексани или не. Само си ја префрлаат топката... Гледам дека кај дел од вас, ако не и кај сите, велите дека има мислење од трансфузиологот, па ве молам за насока од кого да побарам мислење? Дали во самиот упат треба да стои? Извинете за долгиот пост, но ми е страв што целата ситуација се одолговлекува, а не се презема ништо. Ви благодарам
Не се видов со доктор. Само ми земаат крв, па после земам резултати од шалтер. Треба да побарам да се видам со доктор кога ми земаат крв? Или при земање на резултатите?
Со резултатот, твојот матичен ќе пише маил на трансфузиологија и ќе ти дадат мислење. Еве @Thallia викаше одма одговарале. Ова ради вонреднава состојба. Во редовни услови ти треба упат за кај доктор, не за во лабораторија. Ти одиш со упат за лабораторија и тогаш не ти "следи" преглед кај доктор. Ја јадев јас оваа голгота.
Ме имаш помешано со некоја членка, не сум испитувала јас д-димери ниту сум одела на трансфузиологија, а и не сум во тек за што зборите
Ако упатот ти е само за ддимери само земаш резултат а ако ти е за трансфузиолог тогаш и извештај ти даваат... пробај следен пат во стара гратска таму обично со термин обавезно по 15чрезултатите докторот ги дава но сега поради ситуацијава незнам дали работат ... но како и да е матичниот нека ти даде упат за трансфузиолог најдобро