Девојки, Како одите на контрола кај трансфузиолог сега поради ситуацијава? Јас доктор Јани не можам да го најдам никако. А веќе месец ипол не сум била на контрола а примам клексани.
И јас сум кај него ми го откажаа терминот минатиот понеделник па матичен гинеколог ми даде 24часовен упат и така отидов и ме примија али Виолета беше на смена најверојатно он е на одмор бидејќи само прва смена работат од 9 до 13 мислам зашто резултатите ги даваат од 12 до 13 и реновираат таму плус хаос е
И мене така ми се јавија. Јас ги напнав и на крај излезе не е откажан, ама подобро да не одам. Си отидов фино лепо и Јани ме прими.
Абе и јас ќе отидев али секако он немаше да биде на смена ќе требаше од сабајле и тоа кај Виолета да одам бидејќи немаат втора смена,а мене ми беше закажан за вечерта во 6 и нешто. А Виолета ми е некако мутава и не ја бива еднаш бев кај нејзе фацата и беше и сега јад што да ти правам иди крши глава , а Јани си е ѕвер си го сакам човекот да не кажам само он им е нај саглам од таму . Не знам сега пак кога би бил на смена бидејќи им е хаос таму
Јас денес правев во Хемолаб, добив резултати и мислење од доктор. Прв пат правам и не ми се познати овие за кои зборувавте. Оваа лабораторија работи, 2200 ден чини испитувањето. Авицена е 2000 но не читаат резултати мислам.
Видов дека сте упатени во темава, би ве замолила за мала помош. До сега немам поднесено барање во социјално за Клексан, што и каде треба да се направи, испрати или отиде? Или каде да барам поконкретни информации?
Потребен ти е извештај од трансфузиолог ,оргиналните фискални сметки со сметкопотврди,потврда од матичен лекар дека ги имаш примено клексаните ,барање од фондот за здравство и копија од трансакциска сметка.Ова јас поднесувам ,претпоставувавм дека за различни случаеви различни документи бараат.Инаку матичниот гинеколог ќе те упати и даде конкретни информации,слободно прашај си!
Дечки, за во Хемолаб, се гледате со трансфузиологот или само крв ви вадат? Да знам фали да носам други резултати или така да одам
Јави се, закажи. Одма закажуваат, за утре, задутре, заради коронава да не се прави гужва. Таму ќе те праша што како, терапија,.... ќе ти земат крв. И после ќе ти ги пратат на маил, до вечерта, зависи кога ќе ги прочита професорот. На резултатот имаш димери, хемостаза, леукоцити, ргб, хгб и уште некои општи анализи. Ништо не носи со тебе.
Јас закажав, ама не прашав дали нешто треба. Пример имам мутации. Не ги знам на памет кои се Да не се најдам таму ко глупи август
Јас ништо не носев, усно им раскажав тоа што знаев, но ми побараа резултати да им сликам сè и на мејл им пратив, па ми испратија резултати и мислење. И од Трансфузиологија и од Имунологија ми бараа, т.е. сè што имам. Затоа носи си, да не се маткаш после како мене по мејл да праќаш.
Ме чудиш. Баш ми инсистираа докторот (пардон, професорот го викаат) да ги види резултатите. Додуша, после ме убедуваа да доиспитам уште нешто, мислам АФА и уште нешто, 5000 денари, но не направив.
Една информација,да знаете дека и во Ремедика докторката трансфузиолог многу ја фалат,ако некој има потреба на приватно и за консултации многу била стручна и фина. Лани една пријателка имаше проблем со д-димери и знам кај нејзе и препорачаа да оди за мислење
Ај да прашам овде Ви се случило да стигнат парите пред писмото ? Во понеделникот се јавив ми кажаа одобрено е (иако каснат) ама го нема писмото да стигне никаде