Пробај, како што ти објаснила @Brpbrp , ако не успееш така, оди кај специјалист гинеколог, фондот признава мислење од него. Јас двата последни месеци, така ги рефундирам клексаните.
Може матичен да ти даде итен. 24ч важи тој и со тој би требало да те примат. За мислење ќе пише после маил и би требало да вратат. @Brpbrp ти со тој упат и мислење зеде или по маил праќавте?
Е тоа не знам на 3ти треба да одам па ќе видам, или од 8 или од 9 се порано не почнуваат и од 8 кога се во 9 ќе почнат како што ги дал господ
Ќе одам во вторник кај матична по упат, кажете ми ако некоја од вас оди во 8ми Септември таму од колку почнуваат со работа? Да не се како на клиника од 9-13?
Мислам дека уште не се почнати да работат редовно. Не функционираат амбулантите, зашто се ковид центар во моментов. Имаше најава дека од 1ви јуни ќе почнат. Јави се, прашај.
Имаше доста трудници или имаше стари луѓе што се бутаат со уапти од 2ри месец и што им се слошило па дошле на преглед?
Трудници. Невиден хаос беше. Си викам кого да замолам за преку ред кога со стомаците сите едвај стоиме.