Нема врска. Се оди ако те прати гинекологот, а за тоа треба да имаш некаква индикација што ќе ја види на ехо или ако си правека генетски испитувања и се покажале мутации.
Па ми рече матичната да испитам, иначе сега сум 29 недела. Од понеделник ќе одам систина да испитам па да видиме што ќе речат. Бебето добро се развива ама ми рекоа превентивно да испитам
Kaj mene nema nitu indikacii na eho nitu mutacii, ama d-dimeri visoki. Mislam deka maticnite vo nekoja odredena nedela veke pocnuvaat da im kazuvaat na trudnicite da ispituvaat.
На предавањето во Систина докторката кажа дека бременоста е хиперкоагулабилна состојба сама по себе и нормално е да се покачени вредностите.
Да, и јас имам така слушано, а и дека може и џабе да се примаат клексани и аспирини и димерите пак ќе си бидат покачени.
Баш така кажа докторката. Рече никогаш не праќала никого да испитува димери. Кажа ако бебето напредува и одговара на гн нема причина за паника.
Девојки може да ми кажете по колку време ви стасаа парите од клексаните? Пред 4 недели поднесов документи , во саботата добив решение , па да знам за колку време можам да ги очекувам?
Првиот пат за 3 недели. Сега поднесов 27 феб. уште нема. Ми го изгубиле извештајот од трансфузија и носев нов пред 2 недели. Поднесов и крајот на март и тие ги нема. Кај секого различно стигаат. Можеш да се јавиш таму меѓутоа , никој не одговара!
Да во принцип ако се одговара според неделата не би требало да има место за паника и во бременост е нормално да се покачени д-димерите ама и тогаш има референтни вредности. Ако се покачени до одредена граница нипшто не се прави ама ако се над граница за гестациска недела оди клексан или пак ако има и други промени како промени во коагулациските времиња тогаш оди клексан. Е сега да не ве паничам ама добар гинеколог ќе провери и протоци пред да каже се е во ред. Бебето може да нпаредува до одреден степен и со намален проток а потоа може многу лоши нешта да се случат. Исто така кај бебето можеби ништо да не се случува се да си е во ред и протоци и бебе и се а да има проблем мајката заради хиперкоагулација. Јас бев таков пример да немаше клексаи и сипитувања ќе добеив тромбоза при крај на бременост или породување. Гинеколошки се беше во ред ама јас имав ептен високи д-димери и ниски когулациски времиња. Ако не примав клексани ќе завршев како мајка ми со тромбоза или како една колешка која исто добила тромбоза по породување зашто никогаш не испитала д-димери. На времето не испитувале ништо и мајка ми сега цел живот мака мачи со тромбоза. Поентата на долгиот пост ми беше подобро се да се провери на време отколку да се реагира касно. И секогаш е подобро да е те прати докторот на испитување отколку да тера своја шема.
Јас кажав што рече докторката. Што би било кога би било никој не може да предвиди. мислам секоја втора трудница е на клексани. Нашите родители не ни знаат што е тоа, па никакви проблеми немале со бременостите. Мислам се претерува со ова малку повеќе.
Јас затоа и пишав дека за да не се предвидува што би било кога би било се прават испитувања. Ако нешто не е во ред се реагира со време. Од сопствена мака и искуство нејќам доктори што оставаат нешта на случајности и надевање дека се ќе биде во ред.
А колку само останале бремени без проблем и родиле, а пред тоа не посетиле гинеколог, а не, пак, генетски мутации.