Јас поднесов за рефундација на втори јуни уште немам исплата.Се убив од ѕвонење за да проверам дали е се во ред со документацијата никако да ги добијам.Имате некој број да споделите да се јавам а на кој сте успеале да ги добиете?По топлово немам како да отидам ,а и маж ми е цело време на пат
На тој ѕвонам еве два дена никој не де јавува.Претходно веднаш се јавуваше еден дечко и беше многу фин.
Благодарам за одговорот. Токму поради тоа ми е чудно, ехото беше уредно, бебето една недела понапред во раст, хемостазата во нормала. Ми спомна др. дека во последно време доста од трудниците ги прават, па доколку сакам и јас, да ги направам. Ги направив, и сега се каам што ги примив тие пет превентивно, може би да не чепкав, немаше да се зголемат. Сега со 2175 продолжувам со терапија 2х1 и се надевам дека нема да се случи ништо не посакувано. Убав ден ви посакувам!
Толку можат да се зголемат само доколку почнува даима проблем, јас не знам зашто во рок од 5 дена два пати си испитувала...најверојатно да види дали се зголемуваат драстично
Девојки ви благодарам, докторката ме натера да проверам, не беше по моја волја. Сега 14 дена х 2, па повторно ми рече да проверам. Многу се плашам, но се надевам дека ќе се реши.
Здраво, сакав да поднесам за рефундација на клексани, меѓутоа ми ги вратија документите бидејќи мојот матичен гинеколог во извештајот има напишано дека се примале во домашни услови. Дали некој го има овој проблем? Матичен ми е Стамболиев и сестрата ми кажа дека кај сите пациенти тоа го пишувале.
Што им мења дали дома или во ординација си ги примала...можеби тешко крварење си имала,скратен цервикс па си морала дома да ги примаш како ќе одиш во ординација. Мислам дека на извештајот пишува дека само ги имаш примано али не пишува каде
А што му менува на твојот доктор на потврдата да наведе дека кај него ги имаш примено?Од фондот прават проблем бидејќи има луѓе кои ги злоупотребуваат тие можности и ситуации.
На крај краева може само да пише од тој до тој датум си се боцкала со колку клексани без да има во домашни услови ...
Примам по 1 клексан на ден , поради тахикардија мирувам . Никако не оди заедно кога дошло да се примаат нели треба активност за циркулација . Има ли некој искуство да има тахикардии од кога прима клексани ?
Дали бил некој сега скоро на трансфузиологија за д-димери да испитува,се чека ли многу,дали има гужва или се влегува по терминот кој е закажан