1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Д-димери во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од butterfly.mk, 21 септември 2013.

  1. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Претходната бременост накај 20-21ва недела почнав со фраксипарини ( друга верзија како клексаните) ама физички немав симптоми освен што знаев дека сум со мутација и што се забележаа лакуни на постелката и мал застој во растот на бебето. Оваа бременост поради корона, а и матичната ми е лабава немав баш пристап до трансфузиолог. Од Ремедика гинекологот ме советуваше да пробам само аспирин да пијам, не биле многу над нормала бројките и се случи исто во 7 ми месец веќе и лакуни на постелка да имам, хемостазата ми се влоши и овој пат отеков многу. Мислев од жешкото е ама 2-3 дена откако ги почнав клексаните отоците спаднаа. Има малку, ама тоа веќе е од жешкото. Сакам да кажам не мора ти нешто да осеќаш па тоа да биде показател дали да примаш или не. Отоците можеби се јавуваат кога покасно се реагира...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    Дали веќе ти ги прекинаа?
    Мене ми побара хемостаза и д димери за утре за цтг за да види дали да ми прекине клексани. А уште не сум во 36 влезена.
     
  3. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    А дали е сигурно дека ќе ги примам тие инекции клексани,, пукнав од плач кога дознав дека се инекции дека ми е тешко од игли едвај вадам крв...
    и дали има замени како орално или аспирин да пијам..
    а ти како си сега со втора бременост?
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Ти цело човече ќе вадиш од себе, за мали иглички се загрижи. :lol:
    Не се секирај, ич не болат. Минијатурни се игличките, ќе ги ставаш сама во стомак или рамо. Ич не се осеќаат и нема ни капка крв.
    Нема алтернатива за орално.
     
    На Alishan30, mimi6 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  5. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Немој да се плашиш, тенки се. Маж ми ми ги става. Не штетат за бебето и подобро е да ги примаш ако треба отколку да ризикуваш да не ги примаш.Вторава бременост ти пишав погоре покасно ги почнав, сега пред скоро три недели, ама требаше порано, и отеков. Дали сигурно ќе ги примаш мораш со трансфизиолог и гинеколог да видиш. Спрема резултативе мене ми изгледа дека ќе ти ги препишат. Ние сме мајки ќе ги победиме сите стравови за нашите бебиња :punch:
     
    На Alishan30 и mimi6 им се допаѓа ова.
  6. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    ;(:|
    едвај чекам утре друго мислење, друг доктор.. фала ти многу :l:
     
  7. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Душа :l: со лесно да ти е дај Боже.. да мн е 4180 ;(
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.303
    Здраво на сите. Имам едно прашање. Примам клексани веќе 1 месец поради покачени д димери. Денеска правев испитување на крв и се симнале на 1230, денеска сум 27ма недела и 5 дена.
    Докторот ми рече да ги прекинеме еден месец па ќе испитаме пак. Видов на резултатот дека тромбинско време е многу ниско односно 2.6 а границата е 16-25 така нешто.
    Има ли некоја од вас искуство со ова? Го прашав докторот, ми рече да испитам само времиња за 2 недели, преку телефон се слушнавме набрзина за резултатите дека тој работи во Ремедика, а јас не сум од Скопје и сега ми текна дека требаше да прашам дали е опасно! Искуства ве молам
     
  9. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Најубаво и со трансфузиолог да се консултираш. Не се гледаат само д димери туку и вредности на хемостаза. Посебно внимание обраќаат на активирано парцијално време. Д димери се подобрени под дејство на клексани, не значи дека така ќе останат. Јас го слушав така од Ремедика гинекологот и бев само на аспирин па после излезе требало порано со клексан да почнам.
     
  10. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.303
    Пробав, но трансфузиологот не беше таму кога отидов. Активирано парцијално не е многу ниско односно 27.6 за граница 27.9-37.7.
    другите времиња се сите во храница освем Ова тромбинското што е ниско многу. Гинекологот само рече да испитам пак за две недели за времиња. Фала ти за мислење:)
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Здраво.. денес бев кај друга докторка и ме прегледа и виде резултати од д- димери што се покачени 4180 а 27 недела сум, и рече дека се е во ред и по ехото што го прегледа и скрининг направи рече дека по прегледот не и изгледа дека ги имам толкави димери и да не примам клексани уште, само ми даде аспирин да пијам магнезиум 250 2 пати на ден и фолна киселина и на 2 недели пак на преглед и да испитам димери, инаку ги пијам исто pregnacare со omega-3 секој ден.. е сега матичната вика дека се покачени доста и ме прати во државна и таму ми дале 10 дена клексани да примам.. незнам сега што да правам..што мислите вие да пробам како ми вика приватната со магнезиум и аспирин па да испитам димери после 2 недели или одма 10 клексани да примам?

    Исто да ви кажам бебето доста штуца во стомакот и на ехо докторката примети дали може од покачените димери да е тоа? многу ми е страв
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2020
  12. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Здраво, како сте? сакав да ве прашам , тука е поактивна темата, 27 недела сум и димерите ми се покачени 4180 и осеќам бебето секој ден штуца во стомак и на ехо денес рече докторката, дали тоа може да е штетно и дали е од д димери тоа или е нормално да не се плашам
     
  13. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Дали имаш испитано до сега мутации за тромбофилија. Јас пример само поради тоа примам клексани секој ден од почеток. Јас би примала на твое место, сепак си знаеш на кој доктор повеќе му веруваш.
     
  14. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Имаш мислење од матичната и ГАК дека треба да ги примаш и не гледаат само д димери туку и активирано парцијално ти беше за децимала пониско. Од тројца двајца викаат да примаш. И онака по тие 10 дена пак ќе испитуваш. Дека ти е страв па знам дека сакаш да ги избегнеш амааа...Инекциите треба да ги купиш на датумот од извештајот од ГАК за да можеш сите да ги рефундираш.

    Тоа со штуцањето е нормално и нема врска со д димери.
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2020
    На mimi6 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Не, не испитував до сега, стварно незнам што да правам, приватната рече дека нема потреба за клексани сега да видам со аспирин 2 недели па да испитам д димери, и по резултатите да видам, инаку намерно скрининг направи да види состојбата на детето и се останото за во врска со д димерите,, а тебе колку се д димери?

    Да баш така за 3 дена морам да се појавам кај матичната за да ми ги препише клексаните да ги земам , ќе видам понеделник, мислам утре и задутре не работи
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2020
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Пред месец и пол ми беа 400, сега следна недела пак ќе проверувам, на почеток на 15та недела сум.
     
  17. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Добро е не е страшно, јас сум 27+5 и 4180 д димери ми се а хемостаза 22.6
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    12.886
    Подобро би ти било да си ги примаш клексаните одколку аспиринот што ќе чекаат лакуни на постелка да се направат па после да ти дадат. Подобро боцкај се 10 дена и така се ставаат под кожа инкециите и не е страшно. Времето ти е доста скратено тоа значи дека згрутчувањето на крвта ти е побрзо, ако за 26 секунди е нормално тебе 22 ти е. Ти си знаеш што е најпаметно али мој совет е кога веќе ти ги препишале боцкај се
     
    На K7M10J, princess5 и mimi6 им се допаѓа ова.
  19. mimi6

    mimi6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Еве го извештајот од државна, сега со него кај матичната да ми ги препише клексаните на рецепта или како? ٢٠٢٠٠٧١٨_٠٧٠٩٥١.jpg
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    12.886
    Немаш потреба сега кај матичната сега ќе одиш во аптека дирекно ќе земеш Клексан 0.4 и ќе им кажеш сметкопотврда да ти дадат и од кога ќе ги примиш истите кога ќе одиш кај матичната за упат да ти даде за ИТМ ќе и побараш Лекарска Потврда дека си ги примала и после тоа ќе си ги поднесеш во фондот и рефундираат 70% од сумата. Клексанлт не оди на рецепта 10 ампули се 2490 денари :)
     
    На K7M10J и mimi6 им се допаѓа ова.