Резултатите од д - димери се пак високи 2880. Минатиот пат ми беа 2909 и ми дадоа терапија инекции клексан 0.4 . Пак е преопрачана истава терапија уште 14 дена а отоци немам веќе никакви ниту симптоми на лоша циркулација. Додека да отидам на второ мислење да прашам и тука што мислите вие треба да се продолжи терапијава? Само немојте коментари дека вие не сте доктори па да знаете, прашувам од искуство некој дали знае. Веќе глава не знам кај ми е ништо не ми е јасно како може после 14 дневна терапија боцкања секој ден толку малце да ми се симнати...
Јас имам чвор на тироидна и тоа со години, мал е и го следев еднаш годишно. Сега немам направено ехо 2 год веќе горе доле, и спомнав на матичната но ништо не ми кажа. Со хормоните немав проблем. Испитани последно пред 1 год. Следен преглед кај матична на 1ви септ. поради одмориве. Секако пак ќе зборувам со неа, но да не пропуштам нешто, женска работа Ти благодарам. Убав ден
Јас имам чудно искуство со д-димерите прво ме прати докторката да ги проверам на почеток од седми месец бременост и ми беа 4180 а треба да се до 1700, ми рече дека треба клексани да примам,и да одам за гак да ми препишат.. и тие ми препишале 10 клексани 0.4 и јас ги земав ама не почнав да ги користам, туку отидов ист ден кај приватна друга за друго мислење, така ме советуваа и плус сакав да знам.. и ме прегледа скрининг и се убаво и самата ми рече дека јас не сум и за клексани дека се е добро и се чуди зошто се така покачени, немам никакви симптоми , ми даде аспирин 100 и рече ако треба јас самата ќе ти кажам клексани да почнеш, и за 2 недели пак да проверам и да видиме.. и јас така ја послушав.. и кога вадев крв за д-димерите се покачиле на 7500!! и и се јавив на приватната одма ми рече почни од ист момемт клексани и плус аспирин, ама јас не пиев аспирин само клексани, и кога отидов кај матичната моја ми рече што е ова 7500 јас во животот не видов вака на некој да се покачи!! ме исплаши кога идев накај дома се плачев, ниту ми рече од што ниту дали има нешто со детето ниту ме прегледа на ехо само ме прати во гак и рече дека треба по 2 клексани на ден, отидов да извадам пак крв после тие 10 и ми паднаа на 3300 од 7500 со примени 10, и ми дадоа пак 10 ете за секој случај а со детето фала му на Бога се е во ред ниту имаше никаква паника, нормална бременост, циркулација добро , ниту отечени нозе ништо.. и прашав доктори од надвор сите кажуваат дека е нормално да се покачат во бременост.. и дека ризик е кај трудниците што имале абортуси и некој компликации со тромб..и така сега незнам.. секој со различно искуство сега незнам колку ќе ти помогне мое сегашно искуство
Mila, mene doktorkata moja deneska mi rece deka zeni so mnogu visoki didimeri, ragale potpolno zdravi deca. znam deka e nervozno, ama dokolku bebeto si napreduva normalno, mozebi samiot organizam ti e sklon kon visoki didimeri.. moe mislenje
Димерите се видоки али не до толку хемостазата види ја времињата како се дали се скратени тие треба да ги одржуваш во некоја нормала дури и со терапија можат да ти бидат повторно скратени ама битно примаш и нема проблем, а на ехо секако се гледа постелката и протоците ако не гледаат никаков проблем се е во ред со бременоста нека не те плашат димерите Испитувањата се прават за да може порано да се реагира за терапија не значи дека одма ќе се формира тромб од денес за утре али не треба и да се чека да отече човек или да се појават лакуни на постелка за да се даде терапија
Znam, i mene poradi lakuni na postelkata mi dadoa kleksan, ama eve sega so 1000 didimeri, mi rekoa deka nemalo potreba
Здраво девојки да ве прашам со близначка бременост. До колку се покачуваат димерите јас имав пред две недели 25000 сега 4000 се покачиле, иако примав фраксипарин,дали е нормално незнам многу се испаничив
Jas sum so bliznaci i sum 22+5 g.n.denes gi zedov rezultatite od d dimeri 1000 postepeno mi se pokacuvat a kolku e granica za bliznaci neznam od pocetok sum na kleksani....znam deka do 1700 e normalno vo bremenost a nie sto sme so bliznaci neznam kolku treba da e...
Здраво девојки, барав ваква тема но не најдов. Ме интересира дали некоја од вас моментално прима клексани и има поднесувано документи за рефундирање и што документи се потребни. Фала
Оригинал фискална сметка со сметкопотврда, потврда од матичен гинеколог дека клексаните се примени од таа до таа дата и колку вкупно, копија од извештај т.е. Мислење од трансфузиолог (што во момнетот не даваат) или гинеколог од државно терцијерно здравство ГАК или Чаир со печат, копија од трансакциска сметка и барање што се пополнува во Фондот.
Фала на одговорот, да како што кажа сега трансфузиолог не прима ама затоа не праќаат на гинекологија и од таму ни даваат мислење и извештај
Девојки, која е процедурата на Гак? Утре имам закажано на трансфузија, па како што разбрав резултатите ги праќаат кај матичната, па после она ќе ме пратела на Гак. Како е таму ситуацијата, има одредени доктори за тоа или?
Нема одредени доктори, матичната ке ти даде упат со резултатите и ке одиш на гинекологија во амбуланта на приземје, ке ти направат преглед и ке ти дадат мислење доколку треба да примаш клексани. Јас бев во петокот и завршив одма без проблем. Позз
Низ интернет ја најдов оваа табела Значи супер ти се.Е сега за времињата какви треба да бидат ,мислам што би било нормално не знам