Јас немам генетски мутации,али секако ќе продолжам даа...што се не минавме со ин витрата ,та сега нема да му ја мислиме многу.ќе истуркаме до крај се.само да е во ред со бебла
Не знам точно не ги разбирам тие докторски пишувања. На резултатите имав само три мутации се друго беше нормално ама правам како што ке кажат
Ај прашање за паталците, како ви се чинат резултативе, и што е тука хемостаза, океј ли се вредностите? Однапред благодарна Инаку 16та недела сум
Не, вчера бев за брисеви и случајно на ехо док ме гледаше рече постелката не и изгледа океј, па ме прати сабајлево на трансфузиологија. Што терапија се прима инаку?
Фала ви девојки , матичнава ми рече дека се одлични резултатите, и за активирано парцијално добра била вредноста, со оглед на моето обилно и долго крварење. Сега ке видам и второ мислење од докторот што ми ја води бременоста.
Ич не се сеќавам зошто ги даваа. Ми објасни прошлиот пат докторката, ама не се сеќавам. Знам и после пораѓај ми даде фраксапарин, а не клексани, ама да ме утепаш не ми текнува зошто и што ми кажа.
Девојки, бев денес на контрола за лекарски извештај за продолжување на боледувањето во Систина кај Димчев. 19+5 сум, а бебето според неговите мерки испадна 18+5 што значи една недела помалку. Матичната докторка ме прати утре да испитам димери и хемостаза на трансфузиологија па малку ме фаќа страв. Предхоно 15 недела кога бев на контрола бејби си одговараше според мерките со неделите. Кажете ми дали резултатите треба да ги чекам или ги праќаат по меил и кој бил скоро дали се влегува на закажан термин или се чека многу?
Јас секој 10 дена идам на трансфузиологија да вадам крв за д-димерите и хемостаза, со упат и термин имаш време и плус трудниците одма влегуваат, а кај што ти даваат упат таму после 2 часот по пладне ќе стигнат резултатите и после ги носиш кај свој гинеколог или на гак да ти дадат мислење
Ги праќаат и по меил кај матичен гинеколог така да не мора да се мафташ таму единствено ако сакаш ти лично да си ги видиш во случај она да не ти ги испринта па да отидеш лично да си ги земеш Активно парцијално ти е бааги скратено. Те имаат пратено да испитуваш со индикација некаква или? И димерите ти се малку високи али повеќе би ме загрижувало времето т.е. хемостазата @Ognena* Активно парцијално ти е скратено а постелката не и се гледала дека е добра на докторката, барај обавезно второ мислење сигурно би ти дале терапија
Мене цело време ми е скратено еве 4 пат како вадам, и се ми даваат по 10 клексани и на 10 дена проверувам, ми се смачи, или дајте до крај или не вака на 10 дена вадење крв.. ниту можам обична крвна слика да вадам...
Ако ти е прва бременост и не знаеш дали имаш мутации можеби од тоа е...Секако бременоста сама по себе за сите жени е тромботична за некои помалце за некои повеќе. Секое тромесечие има граница до колку треба да бидат димерите. Искрено димерите можат да бидат доста покачени али хемостазата е најбитна активно парцијално треба да се запази имам пишувано и предходно треба најмалце да е 27 а кај сите нас е скратено што значи згрутчувањето на крвта е забрзано и зголемено, лошо е ако не примаш терапија кај тебе видов дека е 21 со оглед на тоа дека примаш терапија консултирај се со трансфузиолог да не треба два пати да се боцкаш или да ти зголеми на 0.6 клексан
Колку ви се ако се до 4000 ги пре кинуваат. 16 саати пред пораѓај не било убаво да се прима терапија.
Devojki dali nekoja pravi aPTT i ddmeri vo avicena. Dali pptoa so rezultatitese odi pak na gak ili na transfuziologija ili ???