Ма, и мене више ништо не ми е јасно. Јас се јавив кај матичниот да ме заведат во дневник дека од денеска, па ќе пробам после да рефундирам. Ако бива, ок, ако не бива, пак ок. Глава ме заболе од клексани, рефундации, документи...
Девојки мене денеска ми стигна барање од фонд, бараат извештај од трансфузиолог, тој од гинеколог од Гак не го признаваат, а трансфузиологија не прима бремени жени. Решиле да не ни исплатат ништо за клексаните, а јас морам да се боцкам до крај
Од трансфузиологија од лабораторија резултатите им ги прати ? Јас пред месеципол прв пат поднесов, ми рефундираа, за останатите уште не сум поднела дека сум со новороденче... Ако не исконтактирај ги да не изгубиле нешто или некое недоразбирање да не има...
До пред месец дена, трансфузиологот ми даваше извештај. Сега со извештај од трансфузиологот, се враќам кај матичниот, тој ми дава упат за гинекологија и тие ми даваат извештај со мислење. И со тоа одам во фонд за рефундација.
Од трансфузиологија имам резултати само од д-димери и хемостаза, со тие резултати одам на гинекологија и според тоа ми пишуваат извештај, ама во фонд никој не ми кажал дека треба да ги доставам и тие резултати. Во фонд поднесов извештаи од гинеколог специјалист, потврда од матичната дека толку клексани имам примено и сметкопотврда со фискална
Не им се битни тие резултати ако веќе имаш извештај. Најверојатно е некое недоразбирање, јави им се или оди таму директно.
Па и мене на шалтер ми рекоа дека не мора од трансфузиологија и затоа ми е чудно дека на членката и бараат
Се јавив пред малку во фонд и им ја кажав цела ситуација, ми рекоа дека документите се ок освен ако имам од трансфузиолог да им доставам ама тоа плус, а вака иначе тие извештаи од гинеколог ке завршат работа. Ова е чисто играње со нас, само нервози си набив од вчера
Здраво дали некоја знае за клексаните дали ги рефундираат парите во целост денес добив решениие за 10 клексани ми враќаат само 1762ден а тие коштат 2495 можна ли е толку голема партиципација И уште едно прашање по добиено решениие ги пуштат парите на трансакциска или пак се оди по институцииве
Толку е. Тие рачунаат по друга референтна цена (измислена), па на таа партиципација и на крај топки за тебе.
70посто од цената само враќаат... инаку штом ти стигнало решението за ден два ќе ги имаш парите на трансакциската сметка која си им ја доставила
Девојки да ве прашам Дали мора да се испитуваат д димери и хемостаза во 28 недела или може и 27ма и некој ден? Јас треба утре да испитувам а уште не сум влезена во 28ма недела, матичната ми рече не било проблем тоа
Не мора, тоа се испитува по потреба не е врзано со неделите. 28ма недела се праи обично кумбсов тест и се става инекцијата за рх негатив ама ти нема да праиш кумбсов тест така? И да праиш не е проблем, во 28ма ќе ти стават инекција.
Jas sum AB(-) a soprugot A(-) pravev kombus izleze negativen i ne sum ja primila taa inekcija...koi tocno treba da ja primat.