Хехе фала ти многу Се слушнав и со матичниот за 4 недели пак да сум проверела а јас дека со две за 4 недели ќе влезам што се вика во 9ти па може и кога тогаш да се олеснам. После сме во Систина кај Гордана ќе видиме што ќе каже и она Фала ти уште еднаш.
И јас денес испитував и еве ги резултатите,матичната рече дека се добри за 28 недела ,и не знам дали треба трансфузиолог да консултирам.На ехото пред некој ден се беше нормално,немаше некои отстапки
Скратено ти е активирано парцијално време, ниски тромбоцити, и хематокрит. Кај мене ова е вака цело време од почетокот, на клексани сум и со тромбофилија. На ехо ок се протоци и постелка без лакуни? Ако тоа е ок супер, ама може да се консултираш со трансфузиолог за секој случај.
Да на ехото е ок,нема лакуни постелка добра.Инаку јас од како знам за себе сум со хематокрит на долна граница и ниски тромбоцити,не сум имала некој проблем со слабокрвност и слично.На почетокот од бременоста пиев Аспирин и ми ги прекинаа,а сега си ги најдов резултатите и од првата бременост и исто ми било ниски тромбоцити ,малку намалено парцијално и димерите во граница како сега ,и тогаш не примав клексани ,се беше во најдобар ред. Фала за мислење,може ќе пратам на некој трансфузиолог ако најдам да ги виде,оти сега многу тешко да дојдеш до некој на преглед.
Мене ми се смачи од клексани, фраксипарини, се' по ред. Времињата ми се добри, минимално скратување што го имам секогаш. На последното мерење пред некој ден д-димерите ми беа 1920, и сега ми натупчија уште 14 фраксипарини од 0.6. После 21 примен клексан од 0.4, не само што не паѓаат туку растат од 1260 до 1920 за 3 недели. Најсериозно, имав подобри резултати со аспирин во минатата времено кога не примив ни еден, единствен клексан. Инаку, клексаните се боцкаат прелесно ама фраксипарините?! Лелееее мајко.
Најверојатно ако не би ги примала би биле уште повеќе скратени за терапијата да делува најмалку 20 дена треба да поминат и најбитно е пред испитување кое време се имаш боцнато последен пат, 2 саата после боцкање и 5 нема да дадат исти резултат
Ddimerite znaat da se pokacat I posle poragajot kaj mene bese takai si primav uste 20 fraksiparini plus
Минимум 12 часа после боцкање правам испитување, таков совет добив од трансфузиолог. Секако се боцкам во 7 навечер. Инаку, времињата секогаш ми се скратени, имам недостаток на фактор 8, генетска ствар да не должам. Само заради д-димерите ми даваат да се боцкам. Секако дека ако треба и до крај ќе ги примам нема зборови, со првото се боцкав од 8-ма до 38-ма недела.
Девојки дали некоја што поднела документи пред еден месец вп фонд за рефундирање на клексани има поврат на пари?
Девојки, за рефундација кога се поднесува, документацијата треба да се поднесе во оригинал или може и во копија? конкретно прашувам за извештаите од ГАК и потврдата од матичната, фискалните секако во оригинал ќе ги поднесам.
Ve molam za odgovor,po ispustanje od bolnica poradi carski Rez go otpusno piano mi pisuvs da primam clean 2x1. Za refundacija Dali mozam da odam so TOA otpusno piano ili mi treba drug izvestaj od ginekolog,Dali od matcen ili od drzavnata ginekologija vo mojot grad
поднесуваме нс 40денс, минатата недела поднесовме пак, чекам сега. ВОобичаено ме исплаќале после 2недели откога ќе поднесеме документи. ВО меѓувреме и решение ми стига по пошта
Извештаите копија а сметките со сметкопотврда оргиинал (но имај си копии од сметките да не случајно некоја *им снема* па да си имаш доказ)
Ве молам за искуство. Пред две недели (31 недела од бременост) правев испитувања и димерите ми беа 2350. Ми препишана Клексани, 14 ком од 0,4мл. Во неделата завршив со примање па контрола за денес (33+4 дена) да ми покажат 2580. Утре идам кај гинекологот во Чаир за совет и нова рецепта. Но сакам да прашам дали на некоја мама и се има ова случено и што и било препорачано... Фала ви на искуствата...
Не ти се многу покачени мислам дека 2700 беше за трето тромесечие граница али резултати од клексани после 20 дена редовна терапија ако клексаните ти ги дале на ГАК или Чаир ти дале само 14 бидејќи толку смеат максимум да препишат после тоа мораш да правиш пак хемостаза и димери па пак на мислење да одиш
Можеш али зашто да фрлаш пари на трансфузија ти е бесплатно резултати кај гинеколог и матичен лекар стигаат
Дали датумот на извештајот мора да се поклопува со датумот на рецептот и сметкопотврдата со фискалната или доволно е рецептот и сметкопотврда со фискална да се со ист датум?