Еве ги резултатите кои ги добив, врз основа на нив ми дадоа Фраксипарин 0.6 2то и 3то време се скратени
Ептен ти се скратени али со терапија и да се скратени нема да е страшно мене над 24 никогаш не ми беа. Добро е што те покриле со терапија со време
Побрзо се згрутчува крвта, а за бебето да добива крв и храна не треба да има застој во протокот од плацентата до бебето треба да е по разредена крвта затоа и се даваат наместо за 27 секунди да се згрутчува тебе за 19 ти се згрутчува и затоа примаш фракспарин да се разреди крвта во по одмината бременост се следат протоците на ехо и може да се види дали има проблем или не али во ептен рана бременост тоа ен може да се види на ехо
Јас сум 27ма недела, ми вика според ехо, дека протоците се супер, и дека бебе супер напредува, и во Систина кога бев минатиот месец, истото ми го кажаа, дека протоците се супер, и стига до бебето доволно се што треба.
Може и матичен ама ќе ти наплатат 300 денари освен ако сакаат да ти завршат работа таму да пишат дека си трудница и да не платиш ништо
Ако има проблем ќе се видат лакуни на постелка намален проток итн штом е се добро не треба да се грижиш али сепак за твоја совест направи хемостаза и димери
Значи цело Скопје го свртев и никаде нема фраксипарин, не знам што да правам веќе. Се консултирав со гинекологот што ме води во Ремедика дали да го сменам фраксипаринот со Xareltto пошто тоа ми понудија во Зегин како замена за фраксипарин ама ми рече не се испитани, подобро да не примаш ништо отколку нив. Јас примам превентивно ама стварно ми е страшно стресно што треба да го прекинам леков. Ве молам ако најде некој било каде нека пише, јас примам фраксипарин од 0.4.
Види ако можеш да појдеш на клиника во Скопје таму прочитав дека со извештај од трансфузиолог или генеколог мора да ти стават а таму мора да има. Види и во нивната аптека, провери и во аптеките во Ремедика, Систина или Жан Митрев. Ако не пробај од странство некој да ти го донесе, многу ги земаат од Косово. Да се надеваме дека наскоро ќе донесат по аптекиве
Ајде те молам прашај, јас бев денес во Еврофарм во Рамстор во Ново Лисиче, во Зегинот што е во новите згради во Ново Лисиче, во аптеката во Тинекс Lisа, во ДНА Ани фарм во Капитол, во Виола во Бисер и никаде немаше.
Jas razbrav deka clexanite trebalo da stignat okolu 15.12 znaci sledna nedela, a fraxiparinite duri posle nova god sto so praznici ke znaci okolu 15.01
Да ве известам, нема фраксипарин од 0.4 ни во аптеките во Ремедика, Систина и Жан Митрев. Во аптеката во Жан Митрев имаше останато мала количина од 0.6, ако некој бара.