Па нека ти ги чуваат во аптека, плати ги, нека не ти даваат сметка, или нека ти ги резервираат па земи ги кога ке имаш извештај. Јас кај што ги земав се договорив штом добијат обвезно да ми чуваат пак се знам приватно со нив.
Здраво на сите што сме со мака да најдеме клексан, а за жал не има во голем број. Од денеска што имам инфо од три различни страни, клексанот што ќе пристигне во земјава, а тоа ќе биде од понеделник, ќе се распредели по ковид центрите, па ако остане по аптеките. Очајно е ова што се случува во оваа наша скапана земја. Извинете ама исфрустрирана сум скрос. Би замолила некоја членка што живее во Грција, доколку знае и може да сподели информација колку пари е кутија клексан од 0, 4. Со среќа во потрагата на сите нас.
Уфф не да сум исфрустрина Имам уште некоја инекција, и ме фака паника како полека снемувам. И јас исто би сакала ако некој знае што не живее во ваа мизерна држава, да сподели и за цена и дали може online да се порача
Здраво, за во Грција не знам но чекам татко ми да отиде пошто патува со шлепер па ќе провери таму колку се , ама за во Косово маж ми се распраша таму било 3€ една кутија
Во Косово има само клексан од 0, 2 и 0, 3, и тоа прашав, ама не прашав за цена. Во Врање има само од 0,3, ама пак не прашав за цена, пошо со 0,3 немам како да се боцкам. Хаос е сегде. Што и да имаш инфо, те молам сподели. Фала ти
Здраво. Дали некој знае ако на пример во извештајот од трансфузиолог стои да се прима фраксипарин, а наместо нив купите клексан или обратно, дали во тој случај може со тој извештај да се рефундираат пари од фондот?
Мислам дека не но ова е мое мислење не дека сигурно е така.... бидејки еднаш кога купував баш аптекарката рече да проверам убаво што пишува (генерички)да не згрешела да не рефундираат подоцна (ама ова кога имаше клексани е) за сегашнава ситуација само да прашаш директно во фонд
Devojki zdravo, sto mislite za korisrenje na fraxipirine namesto kleksan, se mislam da zemam 2 inekcii dodeka da najdam kleksan. Ne sum od skopje
Нема во цела мк. Србија и Косово се исто слаби со залиха, ако сте во можност да си земете. Мислам дека не препорачуваат мешање на овие две терапии. Најдобро јави и се на матичната сабајле
Мене трансфузиолог ми кажа дека може да се премине од клексан во фраксипарин..,е сега незнам ти од која причина ја примаш терапијата.Најдобро прашај си некој стручен