Ќе ја потпреш на стол. Мене еднаш @sofi2107 многу убаво ми објасни ако прочита нека пише, мислам и слика ми имаше пратено. Или маж ти ќе те боцка Мојот има уплав од болниви , кога ќе ме види преврзана на трансфузија искача на воздух, ако види крв му се врти и најмалку очекував дека ќе прифати да ме боцка Сега се усоврши , супер боцка. Јас ставам под агол од 45.
Мене ме боцкаше маж ми во рака. Се усоврши на крај подобро до било која медицинска сестра ме боцкаше. Боцкав и јас сама во рака неколку пати. Се боцка под 45 степени и не треба да го штипеш местото така. Се штипе зада не боцнеш месо туку само кожа/салце. Затоа и најдобро е во стомак. Ако боцкаш под 45 нема потреба од штипење. Проблемот ми беше што не можев со левата рака да боцкам во десна инаку со десна во лева ич немав гајле. Во стомак не можев да боцкам зашто имам прилично венички ситни па ми беше страв. Една колешка од работа боцкаше цело време во нозе.
Za ispituvanje na di dimeri I homeostaza maticniot ginikolog vi zakazuva termin na klinika..jas treba za prvpat da gi ispituvam mi rekoa vo 28 nedela..sega sum veke 26 nedela dali uste sega da odam da mi najde termin ili..znam deka ova e tema za in vitro, ama ke mi progledate niz prsti za moeto prasanje bidejki I jas ostanav bremena na toj nacin, a I ovaa tema redovno ja citam po navika.
Веднаш оди кај матичниот гинеколог да ти најде термин зошто малку е канп со термини. Мислам дека тешко ќе ти најде за две недели, ама нека провери. Ако не мислам дека можеш да ти даде упат за на ГАК, а од таму да ти дадат приоритетен упат. @kukla21 може поточно да ти каже каков упат да ти дадат за на ГАК за да земеш приоритетен за трансфузиологија.
@Libra88 ја препрочитав темата и единствено ти си ми понова со високи д димери. ти се намалија ли? каква ти е вредноста сега? + има ли некој познавање дали д димери и нивна зголемена вредност, имат некоја близина и сличност со скриен шеќер?
Вредностите не ми се намалија и затоа ми продолжија клексаните. 4200 ми беа, ке видиме за некој ден пак ке правам. А за поврзување со шеќерот незнам.
@Momichka Зголемените д-димери немаат никаква поврзаност со скриен шеќер да не се плашиш. Покрај терапијата клексан за да се намалат треба и многу движење и активност за забрзување на циркулација, со самото тоа и намалување на д-димерите. Но, ова не важи за оние со ризична и паталошка бременост. Сепак комсултација со Трансфузиолог ќе треба.Зголемените д-димери се резултат на циркулација на крв која е забавена највеќе во бременоста ( не кај секоја трудница). Во бременоста организмот па и крвотокот се менуваат ( имаш на гугле за ова) . Но, не е страшно се дава соодветна терапија претежно клексани и све че се регулира за брзо. Нема место на паника доколку се зима терапија. Уште од пред бременост започнав со клексан, цела бременост го ставав и сега после пораѓај уште 3 недели го ставав. Со лесно и све ќе се среди да знаеш
Денеска 26+1 направив д димери на трансфузиологија, резултатот е 1111. Др Јани кажа дека е добар резултат. Ми напиша извештај дека се уредни.
Значи овие од фонд се крш. Ми стигна решението за клексаните кое го поднесов на почетокот на месецов. За 28 клексани платив 7900 денари. Во решението пишале, дека истиве по набавна цена чинат околу 5600 и по таа вредност ми пресметале 5000 за рефундирање. Клексаните по аптеки се 239 денари, а по 201 по фонд. Ми иде да им пишам од каде да ги купам за 201 денар да ми кажат. Апашка држава! Може и минатиот пат било вака, ама сега ми падна во очи.
Така ги водат по 201,5 денари . кај мене и на двете решенија по толку беа , а ги купував по 254 денара од 0.4.
за клексани не се рефундираат 100%, рефундирана цена е 201,2 ден. и на таа сума ти се одзема партиципација , за 28 клексани мене ми одземале 10 посто партиципација 500 ден. Баш видете во табелата за пресметки пишува. Еве ме заинтересиравте и ги пресметувам решенијата @kukla21 мене за 28 клексани ми рефундирале исто 5134 ден. ти си пишала дека си ги купила 7900 нели е тоа многу или ти е грешка? 254 ден се клексаните.
За 28 клексана рефундиран износ 5084 мкд. Не може да ги водат по цена која не е стварна. Нека ми кажат каде да ги купам за 201 денар?! Глупа држава.
^201 ден. Рефундираат за 1 клексан. Види во табелата пишува . Јас барем така го разбрав тоа со 201 ден. Има логика според сумата што ми е исплатена. Не рефундираат нели стопроцентно.
Јас според првото добиено решение сфатив дека рефундираат само 70% од вредноста. Секогаш ги земам од Зегин по 254 ден. За првата тура од 20 инекции добив само 3557 денари и за секоја наредна сум спремна и знам точно колку ќе стигне затоа што од вкупната дадена сума си одземам 30%. Тоа е
^Толку ти е . Среќа што враќаат нешто. Другарка ми пред 3,4 год. од 5 месец се боцкаше со 2 клексана. Чекала за исплата 9 месеци ( за 1 исплата). Вика банкротиравме од тие клексани.
Јас па не се согласувам со тоа колку-толку нека ми вратат. Реалната цена на лекот е 254 мкд, а не 201. На 254 е ок да ми пресмета 10% партиципација, ама не на 201 бидејќи цената е нереална. Едно е да кажат се рефундира 70%, а сосема друго да пресметува по непостоечка цена, па кај сака нека ја пишале. Безобразни. Сега ми е јасно зошто уште не го стартувале проектот што го најавија околу нова година, да оди ова на рецепта.
Па сепак кога ќе сумираш околу 70 посто е рефундација. Не верувам дека ќе ги стават некогаш на рецепта. Ти кукле сакаш 100 посто И ја нејќам боледување 70 посто ама тоа е Дека е фер не е ич. Иначе мене уште ми немаат исплатено, денес само боледување земав
Јас се вракам на основите. Дали кај Клексанот го вадите воздухот? и дали чекате додека да се пушти пружината сама да се извади иглата?