После поз. тест веднаш гинеколог од Систина заради хомозигот мтхфр ми пиша клексани во извештај, ама од приватно нема рефундација. Па мат. гинеколог еднаш месечно ми закажува кај специјалист гинеколог од државно, таму носам само испитувањето од генски мутации и демек кажано ми е цела бременост клексани и ми даваат по 30 секој месец. Тој извештај е валиден за рефундација и евентуално од трансфузиолог на државно, ама таму не закажуваат за трудници, освен ако не си веќе почната да одиш кај некој како што пишаа членките. И од искуство не треба да кажеш одам во приватна болница таму ќе се пораѓам.... веднаш се менува тонот, па слушам предавања од типот пари само фрламе, да не бидеме будали, да го најдеме каналот за да се пораѓаме на државно итн...особено ко ќе ми се погоди една докторка од ГАК со извикано име.... Многу комплицирано за рефундација
Вчера 24 вести имаа сторија, се јавуваа по аптеки низ Ск, сите рекоа 3 недели веќе немаме и не се знае дали ќе стигнат. Јас и во внатрешноста барав во 1 град секаде очекуваат ама нема...
Фала ти најмногу на одговорот.Матичната ми закажа термин за на ГАК, во понеделник.Се надевам ќе завршам работа.Навистина не знам зошто толку многу се комплицира се, ама тоа е
Девојки јас сум малку во паника.Испитував ддимери во средата и денес.Во среда ми беа 744, а денес 1080.Ме плаши како за толку кратко време толку се имаат зголемено.Исто и активно парцијалното време ми е скратено за околу една единица од долната граница.Закажав преглед кај трансфузиолог во понеделник, но до тогаш не можам да престанам да мислам.Имам генетски мутации и не примам ниту клексани ниту аспирин.Што мислите дали би можела на своја рака да се напијам еден аспирин?
Фала многу, да така е.Контактирав со матичната и ми даде упат за на ГАК во понеделник, па ќе видиме што ќе направам
Со испратен извештај за генски мутации(хомозигот мтхфр тој 128...) по вибер и поз. бета Др. Ивановски веднаш рече аспирин и клексан од 0.4.Пред да земам извештај купив 2,3 клексани. И покрај 8 месеци клексани времињата пак ми се скратени... Очигледно е ќе се боцкаш, ама барем матичниот до понеделник според резултат да ти одобри аспирин/клексан да не биде на своја рака или Трајковски знам кај него одеше....
Јас сум комбиниран хетерозигот, примав клексани и аспирин пред трансфер и десетина дена по трансфер, но многу ми ги спуштија ддимери и имав крварење па ми ги прекинаа.Кај Трајковски бев до 12та недела.Но може ќе му пишам утре, да видам што мисли.По некоја чудна случајност цело време го замарам за време на викенд, па ќе морам и сега
Требале да пробаат само аспиринот да ти го тргнат и јас исто имав крварење и останав само на клексан...ради мутираните гени имаш ризик за тромб да се формира димерите секако треба да се ниски не треба да се високи особено да се запази активно парцијално што доста често знае да се скрати
Не ти се толку високи димерите за да паничиш, во второ тромесечие нормални се од 1200-1500. Сигурно ќе ти дадат клексани а за аспирин незнам. Ако велиш дека си имала крварење биди внимателна со него. Јас го пијам еднаш на два дена и плус клексан секој ден, јас сум со хомозигот мутации
Mora da se dvizis po malce, pocni so 1-2km i nakacuvaj lagano setanje. Treba da ti e ok da setas i da.zboris znaci da ne se zamaras.previse
Isto i mene, piev polovince aspirin i fraxiparine 0.4, a po krvarenjeto teram samo so fraxiparine 0.6. Sega skoro merev 23 gn ddimerite 900 i nesto bea, predhodno pod 500
За ова си во право. Мутациите си бараат физичка активност. Многу вежбав пред бременост. И сега во бременост гледам да пешачам секој ден по 3-4км
@Маја Т ако си исплашена и не ти се чека за преглед, јас имам мобилен од др. Кочо Димитровски, ако сакаш ќе ти го пишам во лп, пиши му со резултатите на вајбер, дали да земаш терапија додека стигнеш на преглед во ГАК.
35 недела сум, сестрата вика нормална граница се димерите, а докторката вика 2 недели треба клексани да примаш само не знае каде би ги набавила. Ќе се шекнам на самиот крај. А се почна со тоа дека стомачето на бебето е помало 10 дена. Претходните месеци на секоја контрола ми викаат машала, напредно бебе, секогаш имаше +200/300 грама
Девојки, јас сум 30 недела и денес правев анализа на д-димери и ми се 2302, а веќе месец дена сум со клексани. Утре одам на контрола на гиниколог. Пишете искуство дали има место за паника. Ве гушкам
Секаде викаат треба да добиеме, а никако да добијат веќе 2 недели или лажат, или немаат поима и они или па ги резервираат за нивни луѓе. Работава е снајди се па живеј. Гледам ни една членка нема пишано дали нашла, ако нашла каде? и мене ме интресира исто, и да земам да ја возам цела Мк барем да има за што. Ама изгледа ништо не се знае