Од 2 места кај познати чекам 2 недели да добијат и да ми јават, се уште ништо, ако веќе не ги резервирале за други...
Вработена од веле дрогерија ми кажа дека пред една недела имале добиено клексани и ги разделиле по аптеките али по мали количини а во аптеките се јавував и кажаа дека одма ги продале, што мислам дека веќе си ги резервирале
Дали кога ги поднесувате документите за рефундација на клексани доставувате копија или оригиналниот документ?
Копија од извештајот. Мене ми дава докторот еден извештај за два месеца а јас рефундирам секој месец така да неможам да им го дадам оргиналот. А и кога прашав во фондот ми кажаа само копија треба. Копија од трансакциона, Копија од лична карта, Фискална со сметкопотврда и Потврда од матичен доктор и таму барање за прием на документи треба да потполниш @TeodoraMJ аспиринот не е штетен во бременост, ако ти кажале пиј го. Јас пијам од пред бременост по едно на два дена и си продолжив во бременост плус клексани
Ne znaev deka moze vaka, jas pa cekam da gi izbockam site od izvestajot pa kaj maticnata po potvrda i posle fond
Јас го пиев навечер пред спиење али ради тахикардија дека ми правеше почнав од сабајле да го пијам на гладно
Може, јас така правам Е сега ќе имам проблем извештајот ми трае до крај на месец а јас купив повеќе клексани пред некое време и тие не ми се покриени со извештајот, но одма после тој извештај што ми истекува ќе ми дадат нов и незнам дали ќе ми направат проблем. Секако за цело време ќе бидам покриена со извештај, нема лувта
Мислење за резултативе додека добијам одговор од докторката? Иначе д димерите ми се 285,а веќе сум на терапија 1х1 Клексан од 0.4
Најчесто не, ама може да предизвика посебно ако димерите се многу ниски. Но кај тебе ако се високи нема да предизвика