Последните 2 времиња ти се малку намалени/скратени, но покриена си со терапија. А д-димери испитуваше?
Аспирин пиеш?Димерите ти се одлични а времињата скратени но затоа и ти дале ваква терапија. Уживај си, се си е по контрола
Аспирин не пијам ми го прекинаа после втората недела од бременост, а сакав да прашам со клексани како се снаоѓате јас едвај имам уште за една недела а по ова аптекиве никаде ги нема...
Јас и онака морам да ги примам поради мутации и ова времињава уште на трети месец вака ами кај е крајот оффф маки ке издржиме некако.. ама проблем што тешко ги наоѓам нервозно е белки ке донесат во поскоро време..
Леле ќути, мене денес до 29.03 ми ги продолжи. Најдов по 200 денари фраксипарин ама без сметка секако. Немаме многу избор за жал
До сега клексан боцкав во рака и рацете ми се направени камен и со модрици. Вчера за прв пат пробав во стомак и се препородив, воопшто не печат. Е сега прашањето ми е дали на право место ги боцкам? Зашто кога боцкам пролутекс ми рекоа 2_3 прста лево и десно од папок, ама сега веќе тој дел ми е како задебелен(ептен сум слаба, немам салце) и вчера клексанот го боцнав баш периферно на стомакот, да не речам 5 прста од папок, пошто само таму можам да фатам чиста кожичка, ок е така?
Многу тешко се снаоѓаме. Преку пријатели што имаат аптека и кога ќе направат нарачка одма ми го тргаат но тоа е се што имаат. Многу малце клексани им носат. Тешка ситуација
Да океј е. Јас исто како тебе, слаба сум со рацете веќе партал од боцкање. Почнав во спољер према грб во мекото да ги боцкам и се преродив, ниту боли, ниту модрици и таму имам кожа таман за боцкање
@princess5 , @Macufceee11 фала женчиња. Откритие на годината ми е. Синоќа мм несакаше да ме боцне во рака пошто немаше каде и си викам ај во стомак,лепота било. Па ќе си мењам страни за клексан и пролутекс. И јас накај грб дури, само таму можам кожичка да фатам.
Се подреков . Денес се боцнав клексан во стомак и на вадење на иглата имав крв. И ми се поду наоколу, па се замасирав малце ама не спласна џелосно. Се осеќа на допир.Дали многу странично се боцнав, незнам. Нормално е така крв да потече на вадење?
Ништо страшно. Мене многу пати ми потекло крв, си погодила некое капиларче. Е сега лошо е само тоа што ќе ти се направи модрица но ќе ти помине за некој ден
Си се подреков, вчера како мазно се боцнав за мерак. Си реков да боцнав многу странично, ама не, значи нормално е. Тенк јуу.
И јас кога се боцкам има некогаш крв не е страшно јас повеќе во стомак боцкав цела сум модра а сега сменив почнав во рака.. Не се плаши.