@Momichka само убава мисла.. Сите скоро се боцкаме. И јас боцкав по 2 пред 1 месец. Ќе се среди се! Те гушкам
Која недела се прават по правило? Јас тек 26-та ќе одам кај матичната, досега ништо нема спомнато. Знам дека не ги прават сите, па ќе видиме дали мене ќе ми даде да правам.
хеј дечки, пак јас. ви благодарам на сите совети во изминатата недела Кај мене состојбата на д димери падна, не целосно, но на добар пат сум. Совет од Трансфузиологот: аплицирање во стомак, од агол од 90 степени. така најбрзо се шири низ организмот. @MADO ова со сурутката делува многу! го најдов и во форма на прашоци од спорските суплименти. многу ти благодарам @Mecence23 190 денари е ако не си бремена (на државно.)
Момичка со лесно,баш ми е мило.Се ќе се среди,примај си терапија и што побргу да ни се придружиш во труднички.
Мешиња имам приоритетен за на трансфузиологија за д-димери, е сега ме интересира дали ќе ме моткаат со оглед на тоа дека немам термин? Искуства?
На трансфузија има еден лекар кој тој ден прима приоритетни. Е сега кај него е тепачка. Бар пред две години беше така, јас се така одев. И имаше едно ливче залепено дека предност имаат трудни, тие што доагаат првпат, крводарители. А тоа се пола пациенти. Јас одев пред да почнат со работа. Пример ако почнуваа 8:30 јас околу 8 за кога ке дојдат тие што заведуваат да бидам мегу првите. Дали уште е така незнам. Сега бев со мој термин, па немав проблем.
Има посебна амбуланта за приоритетни. Последно кога имав приоритетен девојката на шалтер ми запиша ден и време за следниот ден и ме пиша во некој тефтер. Кога си дојдов дента си влегов како со мој термин.
Дечки јас сум тазе породена со царски рез, д-димери покачени и покрај превентивно боцкање со клексан после операцијата. Сега ми пишале фраксипарин од 0.4ml, по 2 пати на ден па повторно контрола. Дали некој имал искуство со овој лек, дали би имало подобра реакција отколку на клексанот?
Мене како што ми кажа докторката полесно се поднесувал клексанот - бар така напомена кога мислеше што да ми даде. При едно ивф се боцкав со фраксапарин и реално не гледам некоја разлика во однос на клексан. Едино мислам поефтини дека беа.
Јас ставам Фраксипарин, од првин ставав 2х1 сега ставам само по 1. Реакција има веднаш за 6дена димерите паднаа Една кутија ја земам 1270ден
Искрено незнам Најдобро да се советуваш со докторот. Се надевам дека нема да имаш потреба од терапија