Девојки ве молам ако знаете каде има клексан од 0,2 кажете ми. Ми зголемија денес доза насабајле 0,2 и навечер 0,4
1880 ми се а од утре почнувам 23 недела. На ехо се е ок али докторката смета дека се високи и треба да се спуштат
Знам која тие матична, она почна трудниците да ги плаши со тоа клексаните. Чим кажала Ливринова тогаш послушаја.
Ливринова има искуство за тромофилични состојби и штом така смета она ќе тераме, сигурно е најдобро за мене. А матичната ме има испуштено пред две години токму заради тоа што не ме прати да испитам димери, а кој знае уште колку завршиле така. Изгледа сватила колку се важни па затоа така реагира, жално што некој страдал ради нејзините грешки...
Тоа на сите го раскажува, ама и она нема искуство ниту школо според мене, јас одам на другата локација што им е. Аам не се ослонувам на нив.
Јас на Гак почнав да одам кај една млада и нова и многу убав впечаток ми остави. Ќе продолжам кај нејзе па ќе видиме како ќе биде. Штета што докторката што ме следеше со малиот нее гледа веќе. Колку доверба имав во неа едно чудо.
И јас денес бев кај една млада докторка на ГАК.Втор пат одам кај неа, исто многу убав впечаток ми остави.Може истата е
Има добри доктори и на ГАК. Јас сум задоволна од Ливринова, мислам дека е голем професионалец и ќе си терам кај неа но паралелно одам во Ремедика. Кај Ливринова заради терапијата а во Ремедика заради посветеноста и добрата апаратура што ја имаат Со Господ напред ќе изгураме
Не мојата е тре, ама и таа денес што си била ја фалат. Сум кажала за Ливринова се најдобро, но жената е голем емотивец, најлошата вест она ми ја има соопштено и индиректно бега да ме гледа. Ваљда се плаши дека пак ќе ми каже нешто што не треба.
Denes ispitav d dimeri 1790 mi se 17ta nedela sum. Veke eden mesec se bockam kleksan 0.4. Dr kaza da se prefrlam na Fraxipin 0.6
Јас ќе терам еден месец со клексаниве али од наредна контрола ќе прашам за фраксипарин реално полесно се наоѓаат
Девојки дали некоја испитувала димери во 8-ми Септември? Слушнав дека и таму испитивале но незнам кој дава упат за таму, матичниот или генекологот?
Дали лесно се наоѓа фраксапарин од 0.6? И јас треба да се префрлам на фраксапарин од 0.6, прашав во неколку аптеки, но сите имаат само од 0.4.
Јас во Четвртокот кога бев да барам клексани во Еурофарм ми кажаа дека имаат само фраксипарин од 0,3 и 0,6. Така да вака ми изгледа дека полесно се наоѓа фраксипаринот од клексанот моментално