Ништо, не ни беше таму. Само ми ги дадоа резултатите на шалтер и толку. Мислев утре да одам кај матичната.
Да. Денеска докторката што работеше со приоритетни упати ај што доцнеше 1саат од сабајле,па и мм кога биле по резултати, од 3до 4 саат чекал. Дотичната Докторка на сите им рекла да дојдат после 7 часот вечер дека не можела да стигне. И отидовме, само ни ги дадоа резултатите и толку.
Ај види на задната страна дали пишува терапија? Има како табеларен простор за истото. Или сликни ако сакаш - таму нема лични податоци.
Ова го има на задната страна. А во мислење пишува наод соодветен за гестациската возраст. Ваљда е ок...
@kukla21 за жал не се сите посветени трансфузиолози. Ние имаме среќа со Елена. Онака кај ќе ми беше крајот, незнам. Јас сум идела порано и кај Кочо и кај Самоникова и кај Јани. Има голема разлика. Сега повеќето трансфузиолози сакаат гинекологот да даде мислење. Кога беше Елена на боледување еден период, нз која и беше замената баш искоментира-се научиле гинеколозиве сите кај нас да ве праќаат а они што викаат за метилираната и клексаните? Која метилирана, кои мутации матичен ли ќе те опраи? Плус како ќе рефундираш? @Luna91 и јас мислам се во ред. На другарка ми и беа 1800 во вторникот 27 недела. Немаше терапија само консултација со матичен гинеколог пишуваше
Да @eli25 и тоа е битен фактор - ќе те пратат кај матичен гинеколог па после ако треба терапија, рефундирање на средства никогаш. Какви безобразни доктори. Баш ко што викаш, среќа Елена што ни се погоди. Имало Господ кај неа што ме пратил. Срце е жената
@Luna91 мене во 33 недела ми беа 1800 една намрштена трансфузиолог не сакаше ни да ми прокоментира, со образложение нека те види матичната и она да каже, па пак дојди кај мене да пишам. Матичната виде вика резултатот е граничен, нема да примаш терапија но за 10 дена ке повториме димери,знаејки ја мојата историја. По десет дена димерите беа 3000. Ама тогаш сменив трансфузиолог, нормален доктор, и самата уште во резултатот си пишала терапија колку пати на ден, колку време и кога контрола.
Мене секогаш тоа ми го пишува во извештајот - колку терапија (број на клексани) и закажан термин за контрола.
Првата не сакаше да напише без мислење од гинекологот, втората без проблем и сега кај неа си одам на контроли.
Чисто да ве прашам активирано парц.време како ви е? има некој како мене околу 28ма нед. чисто да споредиме? Мене цело време ми е 22,23. Освен 1 триместар ок било. Матичната цело време вели нормално е кај трудници. Кога ги виде сега овие рез. вика леле може требало по 2 клексана да ти пише. Мене ми продолжија по 1.
@kukla21 сега со 1 клексан си била? Мене ми беше ок на почеток сега е 22 , еден клексан , еден аспирин. Матичната рече требало 2 клексани да ми даде, ама се мислам Елена сиг. знае што прави.....
Сега сум со 1. Само 2 недели боцкав по 2. Бременоста е сама по себе хиперкоагукабилна сотојба. Како напредуваме со бременоста, така и некои параметри ќе се менуваат. Како д димери, за секое тромесечие има разлучна вредност. Логички и за ова. Јас имав 22 апв во 6-7 недела, а ти 20+, секако не е исто.
Еве јас денес бев на контрола, се симнале од една кутија, сега ми дале уште 7 инекции по еднаш дневно, па пак контрола. Се надевам сѐ ќе се нормализира, не можам повеќе, скоро цела бременост е вака, сега пак, не можам на раат да му се израдувам на бебчето, само некој ми го чува поради прегледи
Јас денес бев на контрола. Конечно сум под 1000ка Дефинитивно, во стомак делуваат побрзо и најдобро. Конечно ќе примам по една инекција дневно. + ми се појавија и црвенила кај што боцкам, и ме чешат. кожен ми даде крем(ми го заправија во аптеката) + промивка со ладен чај од камилица или жалфија или зелен чај + медицински сапун да користам. Е така