Женски ќе.се боцкам сама прв пат, со помош од мм, гинекологот ми рече во надлактица, под агол 45` уште нешто дали треба да запазам?
Нема ништо тешко, ако те боцка маж ти со едната рака со 2та прсти само нека ја поткрени кожата малку и со др рака нека боцка пополека
Девојки, испитував ддимери без некои индикации. На ехото се си беше ок. Резултатите ми покажаа високи ддимери, но докторката рече да не примам одма терапија, туку за 2 недели да повторам испитување. Мене некако ми изгледаат мн високи за без терапија, мислење од паталци? Инаку сум 33та недела.
Дидимерите не се толку високи за 33та недела,не е страшно, но времињата се испод долна граница, се боцкаш со клексан?
Не, не примам терапија. Како што пишав отидов онака да сум мирна да испитам без никаква 8 индикација. Постелка, протоци во ред ми беа,бебе супер напредува. Што значат времињата? ств дудук сум за ова
Stom vo 33 postelka e cista,protoci ok uzivaj si. Nie problematicnite i so terapija pak se gleda promena na postelkata
За еден месец времињата од хемостазата ми станале катастрофа. Многу наеднаш се намалиле, утре сум на лекар за појачување на терапијата. Сакам да ве прашам, со вакви резултати примате 2 инекции од 0.4 или една 0.6? Јас до денес бев аспирин и клексан 0.4 Е сега незнам утре што е по лесно за наоѓање да ми препишат, дали клексани од 0.2 и 0.4, или еден од 0.6, само знам дека тој мн тешко се наоѓа. А за фраксипирин имам слушнато дека биле послаби. Немам поим што да правам, они ке препишат, а јас кај да ги барам еве незнам!!
Јас сум на клексани 0,4 + 0,2. За наоѓање тешко се наоѓаат и клексан и фраксипарин. Мора да си најдеш некој пријател во аптека и да ти ги чува кога ќе дојде дотур на лекови. Иначе според Јани Ангеловски клексанот е појак од фраксипаринот, а во однос на квалитетот и функцијата се исти
Супер ти е се. Мене вака ми беше до почеток на четврти месец. После тоа одеднаш почнаа да ми паѓаат времињата и да ми се качуваат димерите.
Ми олесна до утре фала ти не ги разбирав овие резултати, иначе се боцкам утро вечер од почеток па ваљда ми е таман терапијава засега
Добра ти е но имај на ум дека кога ќе почне да функционира плацентата после 16 недела ќе имаш варијации но се зависи до мутациите и зашто ги примаш инекциите. По колку мг ти се инекциите?
Ти благодарам мила. Јас стапив во контакт со д.р Јани Ангеловски, ги виде докторот резултатите од последните 3 месеци, и ми препорача по два клексани од 0.4 , а баш го прашав дали може фраксипарин од 0.6 зошто клексан од 0.6 тешко дека ке најдам, а мислам дека и ти кажа дека нема, па затоа земаш 0.2 +0.4 Ама кај мене највероватно состојбава е полоша па одма на 2×0.4 И сеа одма ми падна на памет што понатаму ако се навикне оранизмов на два од 0.4 и после и тие ми се малце, има ли ограничена доза на леков?? Има "решето" да направиме и стомак и раце и све Само за добро да е
И јас сум хомозигот и примам утро-вечер вкупно 0,6. Контролирај ги најмалку на 3 недели зашто знаат брзо да скокнат. Мене во четврти месец ми беа 400 и само за 3 недели ми се качија на скоро 1300. И после си се качуваа континуирано
Причината зашто не сум на фраксипарион од 0,6 не е зашто неможам да ги најдам туку зашто докторот смета дека клексаните мене подобро ми делуваат. И јас тешко ги наоѓам и стварно е мачно да се боцкам два пати кога можам еднаш со фраксипарин од 0,6 но тоа е што е се за нашите бебчиња. Верувај му на докторот, ако он смета дека е ок дозата не му ја мисли. Мене ми се подобри времињата но високи димерите. Одсабајле ставам во нога, навечер го рака и така менувам пошто многу модрици ми се направија кога ги ставав само во раце Менувај и не се секирај, се ќе си биде ок
Фала ти за советот сега имам закажано на 2ри април, тогаш имаше слбоден термин најблиску, таман ќе биде миалам, нема термини тоа е, да се молиме да ни се држат до некоја си граница
Да да ке и кажам на матичната што ми препорачал, па ке се договориме што е најдобро, иако нема многу за мислење Сепак трансфузиолог мислам дека подобро знае од гинеколог. Иначе ДА, се за бебчињата