Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Д-димери во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од butterfly.mk, 21 септември 2013.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.033
    Допаѓања:
    123.900
    Туууу Грубовиќ ја заборавив :D И кај неа бев. Не знам дали уште работи таму.
     
    На Kay Scarpetta му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kay Scarpetta

    Kay Scarpetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено почнав од немај каде, мм беше отсутен службено, стомак огромен а мора да примам терапија. Инаку породена сум со царски рез пред околу 3 недели но сѐ уште не ми е стабилизирана хемостазата и д-димерите.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    13.557
    Пол:
    Женски
    Девојки мене ми препорачаа да испитам д димери, а не сум бремена туку планирам да правам инвитро за неколку месеци.
    Е сега резултатот ми испадна 250. Дали ова е во ред? Оти гледам некои тука бремни па имаат ваков резултат, а јас уште не сум а кога ќе бидам ми е став да не скокнат многу.

    На резултатот пишува 0-500 реф. вредности, но да не мислат трудно да не сум, да не треба ако не сме трудни 0 да бидат?
     
    На stevemila и Momichka им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.078
    Допаѓања:
    40.439
    Пол:
    Женски
    Супер ти се д димерите за нетрудно. Референтните вредности се за нормална состојба. Во бременост во зависност од тромесечие до 1900 е граница. Не се секирај
     
    На Momichka, ocicka2014 и eli25 им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    А дур чекаш за следно ивф да си провериш и мутации и хемостаза?
     
    На Momichka, ocicka2014 и eli25 им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    13.557
    Пол:
    Женски
    Хемостаза направив се е во граници, а за мутации не ми спомнале за што се тие испитувања?
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    За тромбофилија. Обично укажува на намален проток на крв и згрутчувања кои влијаат на имплатацијата. На ембриончето му треба храна за да се развива, а таа ја добива преку крвта на мајката. Исто и фолната киселина може да не се обработува правилно ради истово и да има потреба од метилирана и зголемена доза на Б6 и Б12. Ништо не те кошта да испиташ. Јас во Ману испитав, ама истото и на имунологија го прават. Не знаејќи и таму имав направено :)
     
    На Bebulleee, Momichka и eli25 им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    13.557
    Пол:
    Женски
    Уф, само што мислев дека завршив со испитувањата скапав по болници. Баш ќе прашам дали има потреба на следна контрола кај докторов :)
    Thanks ;)
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Доктор ќе ти каже не треба :) Јас се на своја рака испитав :)
     
    На ocicka2014 и eli25 им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.033
    Допаѓања:
    123.900
    Во мое време матичната викаше штоооо, што е тоа мутации ? Не ми даваше упат. Ни за кариотип и кариограм. На ливче и ги напишав сите демек од Ремедика ми ги напишале кои анализи .... Кога ќе ми текне само.... За ману не сакаше никако ни за кариотип. Среќа запознав една жена на трансфузија па кога виде низ кои маки поминуваме се јави и на гак и ману и завршивме работа. Сите испитувања сама ги барав по нет. @ocicka2014 провери си мутации обавезно.
     
    На karibian, ocicka2014, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски
    И мене матичнио гениколог не ми даде за Ману, и само едни АФа на приватно испитував преку Авицена, ама затоа кога рипнаа ди димерите, Трансфузуологот бара документ од Ману. Е бара ама нема....
    Испити си @ocicka2014 (y)
     
    На ocicka2014, stevemila, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Мене матичната за секаде ми даде упат, ама јас и кажав што да пише. Мислам не се толку упатени. А јас од интернет најдов што треба, а после кога отидов кај специјалисите, тие сами ми кажаа што треба за мене и за мм. Така да @ocicka2014 напрај си ти најубаво се и мирна глава. Мислам и дека откако направив се, некако се олабавив. Некако знаеш на што си и психата ти е растеретена.
     
    На ocicka2014 и Momichka им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.569
    Допаѓања:
    114.420
    Пол:
    Женски
    Знaе ли некoј oд штo зaвиси дaли ќе ме прaтaт зa димери дa испитувaм или не?
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.078
    Допаѓања:
    40.439
    Пол:
    Женски
    Мислам дека индикација за испитување на д димери е појава на лакуни на постелка и намалено ниво на плодова вода. Ако забележи докторот на контрола би требало да ти препорача.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.455
    Допаѓања:
    76.608
    Пол:
    Женски
    Мене минатата бременост ме пратија поради лакуни на постелка, но океј беа димерите. Еве сега сум 21ва и сеуште не ме пратиле...
     
  16. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    2.841
    Пол:
    Женски
    Едно прашање мешиња. Кога ме испуштија од болница вчера ми рекоа да испитам веднаш д димери , пошто имав високи во бременоста. Па сакав да прашам упут за на трансфузиологија од каде да земам , од матичен гинеколог или можам и од матичен општ доктор ?
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Ако ти е за итно да испиташ ќе ти треба приоритетен упат, а таков матичните веќе не може да даваат. Треба да ти даде упат за на ГАК, па од таму приоритетен за на трансфузиологија.
     
    На Aneta92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мешиња дали некоја од вас правела Д димери во Хемолаб?
    Се јавив и како што разбрав, даваат и мислење од трансфузиолог. :?: Има некоја искуство од таму?

    П.С Нема мој термин на клиника, којзнае кога ќе има.(facepalm) Матичната ми кажа има и забрана за приоритетен упат на трансфузиологија. И не знам што да правам. Чаре?
    А Систина ми е поскапо од Хемолаб.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.033
    Допаѓања:
    123.900
    @Вереничка чинам 2200 беа и хемолаб и систина. А да земеш приоритетен за гак па оттаму за трансфузија? Мислам и хемолаб е ок, јас таму не би правеле пошто лупа анализи и што треба и нетреба па од страв ги правиме и после нервози. А ни Систина не е поарна. Јас гласам за трансфузија ама знам тешко е со упатите.
     
  20. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Значи пишував пред некое време се сеќаваш. Две недели еве нема мој термин. А матичната ми кажа нема веќе упати. Значи имало забрана за приоритетен. И она и другава д-р на приватно така ми кажа.(не знам што значи тоа, дали скоро била некоја, еве ако била на ГАК нека каже, ми рекоа нема веќе приоритетни) Од нив разбрав како нема сега мој термин и може да има дури септември. 8-| Прашувам чаре, сестрата ми вика Тетово или Велес најблиску и најбрзо што има термин. :?:Или јас не се разбирам или не знам што е работата...

    Хемолаб се јавив 2200 (хемостаза, д димери и крвна слика со мислење од трансфузиолог) а Систина 1600 д димери и + 2000 за мислење! |(

    Стварно ми е мака веќе, или јас сум глупава и не разбирам или здравството ни е гнило! И бебчето го немаше да мрдне од вчера, и стапала ми отекуваат и жешко ми е и ова сега, денов не може да тргне. ;(

    Инаку бев јас во Авицена во меѓувреме, направив 1600 ми беа д димери. Ама не пишав на форум оти знаев што ме чека од коментари. Се потправ на мислење од д-р. А и двете д-р ми кажаа не е многу на граница е, а на ехо проток супер, вода, постелка, хомогена, бистра, се добро, времињата супер и пт и аттп, бебе 861 гр 25+ некој ден и рекоа за некоја недела само да повторам д димери ама со мислење. Баш како што ми рековте тука дека тоа ме чека секако. 8-| Не знам ни што да мислам, ни како да постапам.

    Извини/те на постот.