Женски како се резултатите за 20та недела? Гледам дека хамтокритот е намален а тромбинско време на граница.. Дали треба да барам специјалист или матичниот ќе заврши работа?
Дали имате информација,колку проценти се вракаат од сумата платена за clexane 0,4 и колку проценти се вракаат за fraxiparine 0.6?
За клексан враќаат по 201 денар од инекција, плус после на одредена сума и количина пресметуваат и партиципација, а за фраксипарин незнам
bash katastrofa a doktorot me prasa dali sakas da se bockas dva pati ednas clexane 0,4 i posle 0,2 ili da se bockas ednas na den so fraxiparine 0.6 i imam sea prepisano 70 fraxiparine .Znaci na pola vrakaat pari za faxiparine
Здраво. Сакам нешто да се консултирам со вас кои што повеќе се разбирате од мене. Некаде скоро 6та недела правев во Хемолаб испитување за ддимери и хемостаза, трансфузиологот од таму незнам точно кој е имаше пишано клексан еден од 0,4 до 12та недела и да проверам генетски мутации. Јас нив ги имам проверено и ќе ги ставам пак за потсетување. Е мене Др.Владимир само ми го зголеми клексанот 2 на ден од 0,4. Јас веќе сум 12та недела и сметам дека треба да ги продолжам клексаните, да не ги прекинувам. Дали да закажам кај Др.Јани или кај друг трансфузиолог за мислење. Ќе прикачам слики, ве молам за ваше мислење.
Веројатно Кочо Димитровски бил во хемо лаб таа е негова лабараторија. Значи вака. Генетските мутации се испитуваат еднаш, нема потреба пак а за да ти земат пари може да те ака. Ако веќе имаш испитано толку не ти треба. Со оваа дијагноза не с епрекинува клексан, а тоа најфо ро кај Јани. Д димерот ти е ок за сега, хемостазата аптт е ниско ама има и за тоа лек. Ако неможеш да стигнеш кај Јани, оди кај Нино во Систина.со лесно
А што би било лекот ? Ништо не ми е јасно? Ќе морам пак да ги проверам, тоа беше во 6та недела мислам време е веќе. Ќе пробам ако можам кај Јани да закажам, ср ми е страв нешто погрешно да не правам или недоволно.
Искрено и да продолжиш со клексан тоа треба еднаш на ден од 0.4, нема потреба од два пати боцкање. Оди кај Јани макар и без термин, замоли ги за консултација, оди накај 13ч кога нема толку многу гужва и кажи им дека ќе чекаш колку што треба. Јани ќе ти додаде метол фолат 1000мг во терапијата, за мутации секаде во светот се користи метил фолат, ретко каде се даваат клексани, само кај нас се боцкаме како луди. Метил фолатот слободно можеш и одма да почнеш да го пиеш, немаш штета само корист имаш од него. Тој е поддршка за мутациите. Јас на своја рака ги прекинав клексаните (боцкав 2, сега боцкам по 1 само навечер на моја одговорност). На 10 дена правам дидимери и хемостаза и сфаќам дека коректно постапувам со боцкањата. Од една страна трансфузиологот дава превентивно 2 клексани, а од друга страна во бременост нормално е покачување на дидимери во подоцни недели од бременост. За мутациите само ќе се покриеш со фолат. Да бидеш мирна, оди во среда на трансфузија и чекај го Јани. Слободно барај не за совети.
И б12 метилкобалмин обавезно да пиеш, иначе и јас имав намалено аппт со клексан одма ми се регулирање... Во среда е јани на кј 1 саат таму и ќе те прими
Метилфолатот се дава кога има мутации на МТХФР бидејќи организмот не ја препознава обичната фолна. А клексан мора да се прима кога се ниски времињата. Јас со еден клексан терав до трето тромесечие после ми се намалија протоците и ми зголемија на два од 0,4. Најдобро е да се направи консултација со Јани он е баш за тромбофилични состојби во бременост
Точно, ако има на ехо намалени протоци може ќе остане на два, кај мене имаше супер проток до сега и немаше потреба од два. Ми качи два поради високи дидимери, откако ги намалив продолжив со еден и редовна контрола.
Да примам и јас метилирана фолна и метилиран В12 цело време дури и пред бременост и плус клексани. Докторот ми рече по 2 клексани дека имам и поголема килажа. Бидејќи јас многу не ги разбирам овие работи, а ни докторот не ми ги објасни па подобро ми е со вас да се консултирам. Фала ви многу навистина. Цело време само се секирам. @ivani30 Пијам да цело време, ќе морам пак да ги проверам може е и средено боцкам цело време клексан и да се обидам да се видам со Др.Јани така ќе ми биде најсигурно. Фала ти многу.
Овие резлутати се одлични и времињата исто така. Според мене многу се два клексани, направи си конслутација со трансфузиолог.
Може јас направив грешка што веднаш не отидов и кај трансфузиолог да ми даде мислење. Ајде само да биде добро се'.
Мој совет (иако не сум "компетентна") ама закажи си на трансфузиолог , скратени ти се времињата а и имаш мутации за да примаш клексани.... Може и да ти ја зголеми дозата на 2клексани... (ама пак ке кажам индивидуално е и трансфузиолог најдобро знае) Само за споредба и да не се секираш на скратени времиња уште пред ЕТ др Јани има пишано 2по1 ... така да нека не те плаши тоа што др Владимир ти предложил зголемена доза... слушај си го докторот и обавезно консултација со трансфузиолог...
Си го слушам јас докторот секако, јас искрено и се чувствувам посигурно со 2 клексана. Бидејќи јас се имам уплав дали правам се' за оваа душичка, дали е доволно. Ама секако ќе морам да одам на трансфузиолог, да слушнам негово мислење. Само нека биде се во ред тоа се молам на Бога.