Ужас, значи јас имам термин за 21 јуни па јани ми препишува 50 клексани сега ќе бркам за август ама ккао манијак пратам на мој термин ми се смачи да ти кажам...
Манијак е мал збор хахах, абе по 10 пати на ден проверувам веќе месец ипол, и што е мајсмешно страната 3 дена не им работеше и кога ја пуштија веќе цел јули беше резервиран! И мене по 60 ми препишува, затоа и барам толку упорно нов термин, баш аман ми се смачи и мене
Да така беше. Не работеше страната неколку дена. И таман пуштија се пополни. А и башка ако немаш среќа матичната да ти е таа смена или да и снема интернет како на мојата.....малер над малерите
Замисли, не ми беше 2 дена на работа хахах, па кај замената се јавив, кажав колку ми е итно и ми искочи докторот во пресрет, тоа беше плус стрес и нервоза, ужас
Мислиш од гинеколог специјалист? Искрено прв пат отидов баш пред трансфер и таа ми рече сеа не ти даваме извештај пред трансфер, ако останеш бремена може ќе ти дадеме, и заради тоа не сум отишла, мислам дека ќе ме вратат, башка Јани е стручен и спотед резултати може да одреди точна терапија и совет што понатаму
Јас еве трети месец така терам. Јас така терам а и многу други трудници, они се водат по извештаите од трансфузиологија.
Ајде следен пат на Гак ќе одам, значи не враќаат, носиш само претходен извештај или и мутации и други резултати?
Носиш извештај од ден претходно, си кажуваш таму се што имаш кој мутации. И секако преглед прават прво, протоци, постелка се проверуваат.
Писмо ми стигна, уште во вторникот,некој да не знае за колку време ке се префрлат парите на сметка...
Здраво на сите, дали може да ми кажете кога поднесувате барање во фонд под која од овие точки ја приложувате документацијата? Мене матичната досега не ми издаваше рецепта со одговор дека не требало, во фонд ми бараат бел рецепт кој сега не може да ми го издаде матичната со поминат датум... Колку што сфатив по одговорите на некои им бараат рецепт на некои не. Јас пополнив точка Б каде не е наведено рецепт.