Девојки, Само што ми стигнаа резултатите од ддимери, мерам секој месец, не примам терапија, 21 недела сум. Некако ми се видоа ниски. Утре сум во 9 на трансфузиолог. А знам дека има доста стручни на ова поле тука Треба нешто да бидам уплашена??
Феминкии 36та недела сум димерите 3500 ми се примам веќе два месеци фраксипарине оод 0.6.Првично ми беа 2800 па ми се намалија на 1800 па потоа 2350 сега последно испитување 3500.Колку р нормална бројкава за оваа недрла?Инаку времињата ср во ред само активираното парцијално ми е се скратува и ми е под границата.Што мислите?
Здраво, Имам поднесено за рефундација околу 1 јули, немам ниту писмо ниту средства добиено. Дали некој има инфо?
Праќаат и одговор? И кажуваат дали е се во ред или фали нешто или има грешка? Прв пат поднесов и јас пред 3 недели па да знам што како ќе биде
Замолувам некој што се боцка со Клексани може ли да ми објасни малку подетално како е постапката. Пред по боцкањето дали се прави нешто, дали само ја вадиш заштитата и боцкаш или треба да се испушти воздух како кај обичните игли? Дали иглата се боцка право под 90 степени или 45 степени и дали се боцкате во стомак или рамо? Дали после боцкањето ставате нешто на местото? Би ви била многу благодарна ако одвоите време да ми пишете
Здраво на сите. Вчера испитував д-димери беа 3700 не примам никаква терапија, 28 недела сум, ми рекоа дека се во нормала. Инаку се работи за близначка бременост. Дали има некој слично искуство.
Консултирај се со трансфузиолог и со твојот доктор за да ти кажат дали треба или не да примаш терапија, сепак стручно лице треба да одлучи
Нема точна информација али нормално е да се повисоки после пораѓај. Не треба 20 дена после пораѓај да се високи.
Да го пофалам фондот, поднесов за рефундација на 14.07, денес ми стигна писмо и пари на сметка ми префрлиле за клексаните! За 2 недели, а мислев 3 месеци ќе чекам, браво за брзиот одговор
Девојки здраво. Нели јас се боцкам 2 пати на ден клексан. Уште на почетокот си ги почнав во 8 сабајле и 20h вечер. Е сега мене ме боцка едно девојче, ама почна со работа и се ги окаснуваме дали со пола саат или саат и се нервирам. Завчера дури 2 часа ги окаснивме, да почнам сега со 9 сабајле и 21h вечер не смета ништо нели, битно да е разлика 12 часа? Ги боцкам во рака, сабајле во една, вечер во друга. Каде може на друго место да ги боцкам? Сакам да пробам сама и да не обврзувам никој. Дека под кожа и ми е пострав дали ќе успејам.
Можеш и во рака да го притиднеш местото и да боцнеш или во бут . И гледај да не ги поместуваш и држи си 12 часа од една до друга боцка .
Софи најубаво ти е сама јас во бут, земи се мраз го држиш една минутка иж, стисни место и боцкај. Веќе и немам модрици после толку боцкања. Имаш и видеа на YouTube.