Ако сама ги ставам во рака нема да можам да го притиснам местотот Тогаш подобро во бут. Девојчето е до 20h на работа, додека дојде фаќа 20:20, ај велам до толку се трпи. Онојпат ме окасни 2 часа и велам подобро сама и на никој обврска да не му давам. Мислев ако продолжи таа да ме боцка да преместам во 9 часот да биде. @ivani30 Кога првите дена бев надвор од Мк и сама ги боцкав во стомак директно под 90 степени, исто ставав мраз и боцкав. Ама Докторот сега ми рече под кожа, да се прави пликче и да боли, пече. Да пробам тогаш сама во бут дали ке успејам, малку ми е страв хаха.
И јас сум плашлив па успеав......стискам заби, н апочеѕок болеше сега веќе скоро 10 недели се боцкам во бут и немам гајле... Во рака ме боли ептен а во бут ич
Ивани вака како на сликата од видеото што ти го имаш постирано кај е означено со плавото таму ги боцкаш во мекото Ти под кожа или право боцкаш ?
Со клексанот е важно да имаш 12ч разлика но 15тина минути е дозволено да закасниш но не и со часови.... најдобро е да пробаш сама воопшто не е тешко...
Да вака ова место, еднаш лево еднаш десно. Боцкам под кожа..... И ќе видиш колку е лесно ако сакаш вечер ко ке с ебоцнма да ти пуштам видео
Можеш да го притиснеш на врата местото. Пример на ќошот од касата и стави го задниот дел на раката на врата и така потпрена помести се малце наназад фактички тој делот што треба да се боцка да ти дојде нанапред и ќе боцнеш. Вака изгледа комплицирано ама не е
Може да ми кажете која е разликата во боцкањето право и под кожа? И во кој случај се боцка право а во кој под кожа? Јас си се боцкам право под 90 степени од видеава што ги гледав на интернет
Здраво. Тие што примале фраксипарин, а се породиле природно, до колку пред пораѓај ги примавте? Јас сум 37+2 имам препишано инјекции за уште 10 дена. Дали во 38ма сте испитувале димери или ви ги прекинуваа инјекциите?
Хаха леле вчера кога прочитав дури ми падна смешно. Сабајле решив ќе пробам и велам ај на овој начин во рака. И се боцнав хаха, само што нели странично иглата не од долу како што ме боцкаше девојчето. Сепак се направи добро пликче. А, и сабајле и сега се боцнав во лева рака незнам дали ќе успејам на другата со левата да боцкам, ама и тоа ќе пробам После може и во бут, чекам дозвола од докторот ептен сум таква ситничарка, не ми замерувајте Битно јас сама да си ја вршам работата, без некој да го обврзувам Фала ви женски.
Здраво, Јас прв пат на трансфузиолог бев пред 1.5 медеци кај др Јани Ангеловски, сега треба да одам за нов извештај,дали е вистина дека е на одмор,мене до денеска ми важеше извештајот,треба што побрзо да одам. Дали освен кај него можам да одам на друг трансфузиолог или ако има полесно термини дали можам од гак да земам извештај дали ке ми рефундират?