Имам нормални ниски димери, ми препишаа клексани од 0.2 превентивно заради наследна тромбофилија и една неуспешна бременост, по препорака на трансфузиолог од приватна клиника. Мојот гиниколог не беше баш за клексани оти не сум била инвитро, ама кога ја виде препораката се сложи. Докторот шо ми ја препиша терпијата на гинекологија исто смета дека нема индикација за клексани. Сеа ми е страв да почнам.. Може ли да се направи некаква штета на плодот заради клексаните, со нормални димери, малку скратено тромбинско време и без гиниколошки индикации?
Денес на гинеколог се видов со една којашто ае породила ао 8000 ддимери Самото ивф не е единствена индикација за антикоагулативна терапија, освен аспирин на почеток, но не и на клексани. Активното ако се намалува најчесто под граници даваат, а тоа секако се намалува во бременост и ддимерите се покачуваат, но зависи и не мора. Можеби индикацијата е наследната тримбофилија.
Ради наследна тромбофилија ти се дадени за да не се соочиш понатака не дај боже со срцев застој на плодот. И јас бев со нормални димери цела бременост али ги примав до последен ден од 0.4 баш ради тромбофилијата. На почетокот не беа скратени времињата ама како што течеше бременоста се скратија али среќа бидејќи бев под терапија се заврши со успешна бременост и здраво бебе
Денес проверив димери пак, и за една недела се качиле од 500 на 1000. Изгледа сепак е динамичен и непредвидлив процес, значи арно што ми ги препишале. Почнав од денес, се надевам брзо ќе се навикнам на боцкањето.. Не е баш најпријатно, симињам капа на сите вам шо се боцкате секојдневно или по два пати
Јас со димери 190 поради тромбофилија ми дадоа клексани 0,4 еднаш на ден. Исто без индикации и нормален дури и напреден развој на бебе. Така да штета неможе да има него само бенефит П.С И јас уште се навикнувам на боцкањето, а имам долг пат до крај Се надевам ќе ми стане рутина
Не ти ги прекинаа? Мене во средата, на последниот преглед ми рекоа, до утре да се боцкам, зашто во понеделник сум на цтг, па може да ме задржат. Било проблем за анестезија ако примаш антикоагулант.
Докторот што ќе ме пораѓа ми рече да примам до последен ден, а најверојатно ќе ги продолжам и после пораѓај. Од крварењето сигурно ќе се покачат
Па не ти се многу високи. Таман за трет триместар. Ако планираш со анестезија да раѓаш, препрашај си уште еднаш дали до крај да ги примаш. Има анестезиолози што за епидурална бараат недела дена претходно да се прекинат, за лајт спинал може и покасно.
Јас ги ставам во голема тегла и после теглата незнам што ќе и правам хаха може кога ќе одам на некој преглед во болница да ја фрлам во нивните контењери што се за медицински отпад
Да, може така, кај матичниот гинеколог има корпи за медицински отпад.. Уште да измислам кај да ги собирам далеку од дофат на љубопитно дете
Гинекологот ме праќа на трансфузиолог да примам клексани... Исто и јас мислев се во ред, тој вели покачени се мора клексан
Види и трансфузиологот што ќе ти каже, слушај си ги нив најдобро сепак ја знаат твојата ситуација, не е страшно и да примаш терапија
клексаните во никој случај не можат да ти направат штета, немој воопшто да се секираш. јас бев како тебе исто на мисла. иначе сум со наследна тромбофилија и една неуспешна бременост- миссед во 18 та недела. д димерите ми беа ниски и времињата нормални, сепак ми беа препишани клексани од сам почеток 0.4 и плус аспирин оваа бременост. фала богу до сеа се си е во ред терам 22ра недела веќе и д димерите и покрај клексаните си растат ама барем сум покриена со терапија и мирна глава ми е
. Иста сум и јас .Еден во 11 ден во 12 недела ...без клексан двата вториот само со аспирин.За оваа бременост примам кексан 0,40 од 5 та недела и пиев аспирин до 28 недела.Моментално сум 29 недела и се си е во ред...Благодарение на клексанот терам ....
Има ли некоја што поднесувала за рефундација, на извештајот да има поголем број инјекции, а по фискална помал број. Значи на извештајот од специјалист ми се препишани 60 инјекции, 2×1, 30 дена, а јас примив 50, бидејќи ми ги прекинаа. Претпоставувам нема да прават проблем, зашто помалце пари им барам ама дали има некоја вакво искуство?