@Anaroz1 Боже боже само нешто измислуваат за да не ни ги вратат парите. Дали оваа измена стапува на сила од кога ја донеле пред две недели или и за сите претходни извештаи? Зс јас на пример исто имав 60, 30 купив уште не сум ги потрошила па уште 30 планирав да докупам. Па кај да најде човек 60 клексани, нема толку во аптекиве па и не ни имаме толку пари одеднаш Аххх банана држава, место во полза на граѓаните да работи, гледа само како да те зезне
мојот извештај пред овој од вчера е од 05.07.2021 и јас ги имав купено на два пати по 30 таа на шалтер рече за тие ќе си биде по старо и ќе ми ги рефундираат. измената ќе важела за извештаите од овие две недели. што е најтрагично од се немаат никаде никакво соопштение или нешто . јас сеа треба да барам 60 да купам . целата среќа во несреќа е што би требало да ми се последни волкава количина здравје до пораѓај. искрено не знам што да кажам очигледно е целта да се одбиваат барањата...
Благодарам, очигледно нема да го фатам мене извештајот ми е после 01.08 значи пред месец дена смениле а никој никаде никакво известување Се надевам барем првите 30 да ги рефундираат нешто од нешто ако и тогаш не смислат нешто за да не рефундираат, срамота. Иначе јас сум на почеток допрва ме чека голгота и малтретирање со нашево здравство
не знам што да кажам . ви напишав тука само за да знаете да не се пропушти нешто... само бараат причина да не се рефундира.. јас сеа барам врски за да најдам 60 клексани, а не се ни малку пари за да ги купиш сите во рок од 5 до 7 дена..
Благодарам многу што сподели со сите да имаме во предвид, ќе одам и јас утре имам еден стар извештај да го поднесам. Да не смениле и за колку време треба да поднесеш? Затоа што мене ми рекоа до 3месеци може.
колку што разбрав тоа е единствената измена. те молам чим ќе одиш утре прашај уште еднаш и пиши ако не ти е тешко да не има уште нешто
Значи старите извештаи од јуни, јули и август пола, ќе се рефундираат по старо без разлика кога ќе се поднесат во следниве месеци така? А од пола август па натаму, за секој нов извештај ќе треба во рок од 5 дена да се купат сите клексани? Леле банкрооот! Фала ти на известувањето, јас септември одам по нов извештај, значи нови 70 клексани одма ќе треба да најдам, со ковидов сега...Господ нека ни е напомош како ќе се снаоѓаме
Заради мтхфр од почеток Јани ми препиша фраксипарин секој ден и аспирин секој втор, на контроли горе доле исти резултати имам. Е сега, скроз ми ја прекина терапијата една недела се сомневаше нешто, па испадна грешка, на следна контрола си беа како претходно резултатите, ама ми го тргна фраксипаринот, пишал само аспирин секој ден. 24 недела сум и ми е страв да не испаднало пак некое недоразбирање и не знам дали резултативе се само за аспирин, не ми се остава ништо на случајност оваа бременост. По ова што ве читам и со подобри резултати примате клексан и фраксипарин.
Значи не се нормални ако ова е точно, нема да вратиме така ништо.... Јас еве чекам од 19 јули нема, се мислев да одамда прашам. Новиот извештај ми е на 80 клексани, што мислат во фонд... Ужас
јас последно поднесов на 30 јули, ми префрлија на 30 ти август... уште не ми е стигнато решение иначе
јас така ја разбрав дека за старите извештаи ќе оди по старо... инаку мене вчера другарка ова ми го кажа не ми беше верно отидов денес само за да прашам, затоа што имам нов извештај викам ај стварно да не има нешто и таа така ми објасни мада уште седам и ми нема логика. се надевам еве утре ќе оди друга членка дека ќе пише што и кажале и на нејзе
маж ми имал некја колешка од факс ке ја праша денес ако успее да ја најде ,добие .Штом имам инфо ке пишам
Еве еден update.Девојкава што работи таму нема никакво инфо дека има промена,факт е дека каснат зашто имале многу барања а имаат одреден месечен буџет за рефундација па затоа и каснат.Со ковидов многу имаат рефундации а тие пациенти се поприоритетни од нас трудниците,(замисли ?веројатно се работи за помала сума на рефундација а поголем број на луѓе и сакаат да ги откачат.Секако маж ми рекол да се распраша убаво да знаеме да бараме чаре што како