Е потоа и по форуми и по пријателки се распрашував, увидов дека на сите скоро им ги препишуваат како рутина некоја. И не ги примив. Моја одлука си беше...а фала богу еве супер сме и јас и бебето
Сега се вратив од кај матичниот со резултатите. Ми рече дека горната граница за Д-димери кај бремени жени е до 2500. Вика дека како ќе поминуваат месеците и бременоста ќе доаѓа кон крајот така Д-димерите се зголемуваат. Битно било да не надминат 2500, за д аостанат во нормала. Е ако се повисоки од 2500 тогаш се превзема нешто. Се надевам дека некому ќе му помогне овој коментар, за да не се испаничи како мене! Поздрав до сите !
^Ете значи се излегло дека е во ред, и дека баш тоа што ти кажав до 2500 за трудници е Сега уживај и смири се relax до максимум
Мешиња, јас денеска имав контрола. Со бебушко е се во ред, но докторката на постелката виде лакуни. Две од околу 11 мм. Ме праша дали сум пушач, јас не сум. Рече дека не е ништо страшно, дека би било лошо ако се повеќе и со големина од околу 2 см. но искрено јас сум извадена од памет. Ми даде упат да проверам Д-димери, многу ми е страв. Што се лакуни? Ве молам, ако некој знае да ми објасни!
Лакуни се еден вид на празни просторчиња каде што нема доток на крв за бебето, јас ги имав 6 на ехо и ми препишаа клексан 40мг, 7 дена а инаку димерите ми беа 2500 вториот пат ми беа 1800 и пак ми препишаа клексан 7 и сега ги примам и нема термин за да закажам за наредно испитување. Твој е изборот дали ќе ги примаш или не оти 3 трансфузиолози различно на мене ми кажаа а матичната ми вели ај уште овие 7 па доста се и оди во воена а не во државна, и ова ќе ми биде памет за следен пат дај боже да не одам со приоритетен упат во државна и да чекам трудна 5 саати за да ги примат старците.
Може некој да ми помогне, паника ме фати, првиот пати ми беа 2500 после терапија 1800 и повторна терапија 3300 како е можно ова да примам цлексане а да ми се зголемени дупло и сега незнам дали да примам сеуште оти ми препишаа некои нови наместо цлексане по 2 на ден и додека се породам да ги примам ама ако цело време ми се покачуваат зашто да ги примам за мене нема логика сето ова оти во европа и светот овие димери не се прават.
Мајки задолжителни ли се овие испитувања, мене ниеден доктор не ми реце да правам а веке сум 7-ми месец
Денец гинекологот ми препиша да направам испитувања во трансфузиологија за хемостаза, д димери .. во наодото пишува дека ови ги проверувам поради гравидитас.. појдов на гинеколог заради тоа што имав менс болки, а та ме прегледа и вагинално и на ехо, ми го најде стомакот мал за 7ми месец и овие ми рече да ги проверувам утре.. Колку чинат со картонче овие испитувања? незнам колку пари да понесам, ни отприлика незнам колкава би била цената. И дали некоја друга правела вакси испитувања во 7ми месец и која е причината?
Сите ги правиме тие испитувања, со картонче во државна не е скапо, макс.300 мкд не се сеќавам, а како може стомакот да ти биде мал???? Да не мисли на бебето?
^^ Јас ги правев, ама во 5-ти месец. Така се договоривме со матичната, затоа што ја информирав дека нема да бидам во Македонија тоа време, а сакав тие испитувања да ги направам додека сум уште во Македонија. Кога бев кај докторката на трансфузиологија (прво одиш кај доктор со упатот, те прашува која недела си, дали земаш терапија, дали имаш крварења итн итн), кога виде резултати и кога и кажав дека немам крварења или други проблеми, се зачуди зошто ме пратила матичната, рече дека само оние кои имале ризична бременост заради крварења го правеле тоа испитување, а не сите Кога бев кај матичната со резултатите, ми тврдеше дека е обавезно испитување и сите трудници ги праќале. Кој да ги знае веќе што е задолжително да се направи, а што не е Штом те пратила, провери си за да си знаеш, да бидеш мирна. Ништо страшно, само крв ќе ти земат. Резултатите се готови следниот ден. Јас бев на клиника и не знам колку се плаќа, мајка ми плаќаше, ама со картончиња мислам дека не е повеќе од 300 денари максимум, може и тоа да е многу. А како тоа мал ти бил стомакот за 7-ми месец? Го виде ли бебето на ехо, го измери? Ако по мерките одговара за неделите, т.е. месеците, што има врска колкав ти е стомакот (прашувам зашто јас до пред 2 недели се филмав дека не ми расте стомакот и дека е мало бебето, додека не отидов на лекар и не ми потврдија дека се си одговара за неделите )
тоа се задолжителни контроли, при што немора да има и некоја индикација за да ве пратат да испитате. Изгледа сум едина тука што ова испитување го има 2 пати правено (5ти и 7 ми месец) иако резултатите ми беа прекрасни, сеуште не ми е јасно зошто ме прати вториот пат...чинеше некаде околу 350-390 ден не се сеќавам точно, имаш на првите страни побарај,инаку што и значело тоа мал ти е стомакот ја праша?
Јас ги правев уште во 3от месец од бременоста, кога отидов на првата контрола кај матичниот лекар, уште кога ме прашуваше од кои болести сум боледувала пред да останам бремена и сл. јас тогаш и напоменав дека имам проблем со внатрешни вени, и отоци на нозете па веднаш ме прати на трансфузиологија, чисто да си бидеме сигурни од старт. Прво ме прими дежурен лекар на трансфузиологија, кој ме прегледа (не ме праша ништо за крварење) и потоа ми зедоа крв, со тоа што мене на упатот матичната ми пишала некој ,,пакет,, во кој се проверуваат д-димери крвна група и уште нешто, не се сеќавам што беше и платив над 700 ден со сини картони, но напоменувам, беше пакет. Убаво е да се направат овие проверки, не знам зошто тебе ти рекле поради големината на стомакот, и јас се зачудив, ако димензиите на плодот си одговараат на неделите, смешно е да се спомене ,,големината,, на стомакот.
Многу тивко го промрмори тоа за големината, мало ти е стомакот ми рече, и по неео време тишина ми праша дали јадам доволно и разновидно.
^^ Ко мојата матична да ја слушам А и многу други очигледно. Нешто ќе си кажат и промрморат, и кога ќе препрашаш „а, ништо, нема врска, нормално е тоа“. Батали, претпоставувам дека се' е во ред, ако веќе толку те јаде црвот, оди кај некој посаглам доктор нека те види и нека те провери. Чисто да си бидеш помирна. Според искуството на сестра ми и други блиски кои биле бремени, големината на стомакот не била показател дека нешто не е во ред. Другарка на сестра ми до самото породување имаше стомаче како сестра ми во 5-ти месец, па роди живо, здраво и право бебе со нормална тежина и должина А за испитувањево, оди направи го во секој случај, без оглед што ќе ти кажат. Нема да ти штети, не е скапо, не е ништо страшно......колку да ти се потврди дека се' е во ред.
фала женски утре ќе одам секако, и упутот ми е за утре.. ме испоштрека женава упм, паничарка голема е хахахаха
Каја, не си единствена, јас на 11 јули(почеток на 8-ми месец) по трет пат ке ги правам истите испитување што се во пакет, ги спомна ми се чини LaDyDoLl. Првиот пат на крај на мај резултатите беа супер, ама требало да се повторат затоа што не било возможно сите вредности да ми биле идеални како по книга, па да провереле. Во јуни бев повторно, пак истиот пакет со исти испитувања и пак истите резултати, вредност на д-димери во седми месец ми беше 462 и останатото се беше супер, па пак закажаа контрола на почеток на осми месец од бременоста. Мојот единствен коментар е Бог да чува!