Смени други суплементи земи сидерал место тотхема можеби тие што ги пиеш од таа фирма не ти ги апсорбира организмот. Смени ги фирмите иако составот е ист хемијата внатре не е од исти производител.
Еве 11дена сум на феррум лек, по 2 на ден, денес хемоглобин 102. Ќе видеме како ќе биде со нив, ако не одам на сидерал. Фала ти.
Здраво девојки...На клексани сум уште од 20та недела. Димерите некако ги држам во нормала, од 4500 симнати на 1600, со терапија прво 0.6 наутро и 0.4 навечер, па намалена со 2 пати по 0.4. Али најмногу ме загрижува активирано парцијалното време. Ги споредувам резултатите од 26.7 на 25.7, за сега да ми е 24.3. Константно паѓа од 20та недела навака. Дали некоја се соочила со ваков проблем. Многу сум исплашена. Иначе сим 29 недела.
Чекај малку, дел од клексаните да бидат купени набрзо по извештај или СИТЕ да се купат набрзо? Ако е за мал дел ок, ама сите некако не ми е логично, ако немаш толку пари или чекаш плата баш тогаш шо праиме?
Здраво, јас неможев никако да закажам за кај Јани, зошто термините биле со жолто и биле со ограничување, така ми рече матичната. Како закажувате вие?
Под терапија си немаш гајле. Јас бев со 0.4 само и 18 ми беш активно парцијално и истуркав до 38ма без проблем
Обично секој почеток на месец вадат нови термини за следниот месец, и јас веднаш се јавувам кај матичната и ми закажува, сега гледам еден слободен ден и термин, ако можеш звони рано сабајле кај матичната и кажи и го терминот што го гледаш да ти го закаже одма, ако неѓа, за жал ќе чекаш до следниот почеток на ноември мила
Значи многу се нервирам, матичната ме изврте неможеме да закажеме ние забрането ни е , ова со жолто е со ограничување, дали може општата матична да ми закаже?
Само она и може, гинеколог неможе, јави се сабајле и инсистирај со шифра за варикозни вени да те пише пошо само еден термин е останат за октомври
Дефинитивно јас врска сум немала од ништо, ств никој ништо не кажува, премногу сум ти благодарна @zverkica. ❤️❤️❤️
Ви благодарам девојки и јас се боцнав пред испитување, д-димери те ми се 950 и само тромбинско време ми е скратено за некои 0,5 под долна граница. Инаку сум 21 недела и примам клексани наутро 0,2, а навечер 0,4 и аспирин преку еден ден. Дали според ваше искуство се добри?