Да знаеш дека и нивната замена од доктор може да ти извади упат ако ги замолиш и кажеш чија пациентка си, јас веќе три упати вадам така сабајлечки во 7.40, ќе ги замолам и завршуваат секогаш работа
Јас од почеток на бременост боцкам по 2 пати на ден клексан од 0,4. Ддимерите ми се добри, кај мене времињата се намалени, а најмногу активно парцијално време. Беше и до 18, а сега 19.3 стои на последните 2мерења. Не се плаши.
што има врска која смена е, мојата матична два пати од дома ми закажува термин, само матичен твој и треба и толку...
Сепак тоа ако сака може да го направи, мојава ми рече 2 смена сум барај ме тогаш и веќе немаше термин.
смачено и е веќе од мене, сега минатата недела ми фаќаше термин и ми вика аман кога ќе се породиш викам ајде уште овој пат
15 ти ми е термин, има време на 29ти ноември фатив за кај Јани, па здравје мислам ќе е последно тогаш веќе
можно е ... појма немам како ќе каже така ... да не бидеме офф топик. и за октомври имам термин сеа кога ќе се видиме ќе видам што ќе ми каже, овој го фатив за секој случај да не ми треба, може и да не ми треба стварно не знам, веќе имам препишани клексани речиси за до крај ама Јани ми рече да се видиме октомври и обично одам на месец дена и проверувам д димери..
Дали имате табела со референтни вредности да знам во која недела колку се нормални д димерите? Јас сум 17 недела на терапија со клексан сум и ме интересира колку треба да бидат д димерите за да биде во ред , на мојте резултати не пишува реф. Вредност за во бременост колку треба да се
Jas kolku shto znam do 500 se normalni(mene mi se 350) ama sepak neka kazhat poiskusnive ,mozhebi vo bremenost se zgolemuvaat.
До 500 се нормални луге рњгференти вредности за трудници се други 1во тромесечие до 500, второ до 1200 и трето до 1700.
Здраво на сите, малце сум загрижена, имам и лагуни на постелката. 27+1 Ми ги виде резултатите на вибер уште кога ми стигнаа, па си викам да не не видела убаво, денеска бев кај неа, вика се е океј, вредностите се различни за бремени. Може требаше убаво да покажам, не знам дали имам место за паника. Совет?
Здраво, активното парцијално време ти е намалено, а и д димерите не ти се баш ниски. тоа што имаш лагуни е дополнително и најважно. мислам дека треба да се консултираш со трансфузиолог. мене Јани ми ја води цела бременост, јас од други причини сум цела бременост на клексани, ама во неколку наврати ми рече не се толку важни резулатите колку што е важно да ехо да биде се во ред( постелката и да нема застој некој во развојот не дај боже)
Денеска ме гледаше вика се е супер, вода си има, бебе е супер, крвна слика супер, лагуните не се множат, ги има ама нема простор за паника, се е нормално. На трет скриннг сум закажана, тој за раст и развој.