Zdravo devojki imam 6 kleksani od 0.4 ml dokolku na nekoja i trebaat neka mi pishe. Rok na vazhnost imaat do 12/2023. Ubava vecher
Резултатот од д димери во 7 недела од бременост ми излегоа 691 и покрај тоа што примам клексан од 0.4 по 2 пати на ден...матичниот вели дека се добри , а јас колку читнав на нет треба да се до 500...какви се вашите искуства ?
Во првите недели на почетокот ми беа 180 со клексан терапија, па 300 околу 15та....и се зголемуват постепено, барем сега за сега. Примам и ќе примам клексан до крај. Но од тоа што досега го научив, сега сум 20та недела многу се битни времињата и побитни од димерите. Консултирај трансфузиолог, не би останала јас само на мислење на матичниот затоа што твојот резултат е висок за рана бременост и провери ги времињата (хемостаза). Секое добро
Фала ти мила на одговорот...времињата ми се добри , а трансфузиологот од мојот град ме прати кај геникологот...ќе морам да ѕвонам и на ин витро докторот , некако и мене ми се гледа висок резултатот по тоа што читав
Чим се времињата добри нема грижи, затоа и ти кажале дека е добро. Јас приметив дека секое одење на трансфузиолог ми ги гледа пред се времињата и тие му се битни, а јас опседната со димерите Секако направи си уште една консултација не е на одмет. Покриена си со терапија така да нема зошто да се грижиш. Со лесно до крај
Здраво, како ги купувате клексаните кога имате препишано за цел месец? До сега ср ми препишуваа на 15 дена, затоа сум збунета. Дали може сега половина, после 15 дена половина? Дали ви прават проблем за рефундација? Бидејќи некаде прочитав дека мора сите одеднаш
Матичниот рече : ,, Еве и времињата се добри ,, , јас сега поубаво погледнав , не се разбирам баш , ама изместени од референтните вредности...не не сум мирна , морам да барам и друго мислење ...што мислиш ти , некако си ми поупатена
времињата ти се добри по ова јас што гледам, а колку што прочитав покриена си и со терапија два пати на ден клексан од 0,4, друга терапија нема, така да можеш да уживаш. рано ти е уште јас примам клексан исто од почетои по еднаш на ден времињата си паѓаат цело време, а д димерите си растат ама не се замарам многу затоа што сум покриена со терапија, а и нормално е во бременост. овие резулати се добри. инаку од кои причини боцкаш два пати клексан?
имаа едно време пуштено муабет, искочи дека нема врска. можеш да си ги купиш на два пати. мене ми препишуваат по 60 цело време јас ги купувам на два пати
Со 32 активно парцијално си одлична, немај грижи, тоа значи дека има одличен проток на крв до матката, тоа им е едно од најбитните времиња, некои и со добри ддимери со скратено аптт примаат клексани. Ддимерите секако ќе растат, туку аптт да не паѓа многу е финтата, како што ја разбрав мојот трансфузиолог. Јас 1 тромесечие имав 250 ддимери, 2- 680, почеток на 3- 1630 и не ми даде клекаани оти аптт е добро.
Оф...ми олесна , фала ви ...клексан примам заради мутации...пред трансфер бев кај Јани и ми пиша да почнам и 2 недели пред трансфер и да продилжам по позитивен тест ,плус и аспирин ми имаше пишано , ама заради крварење него докторот ми го прекина
немој да се секираш Јани е супер и јас сум кај него. само да знаеш и јас бев исто клексан и аспирин. прокрварев и во систина ми рекоа да прекинам со аспиринот, ама се консултирав со Јани, он ми рече да продолжам. малце гинеколозиве и трансфузилозите имаат спротивставени сфаќања околу тоа дали аспиринот предизвикува кеварење...
Мене дефинитивно аспиринот ми прави крварење....пред да почнам со постапка за ин витро почнав да го пијам и секој втор ден ми течеше крв од нос , па почнав 2 пати неделно да го пијам и постепено зголемував ...така немав проблем...ама штом почнав со ин витро почнав со чести крварења и ми го прекинаа
Jas koga kupuvav kupiv vo Madzari vo apteka tamo sekogash imalo. Proveri il karsi gtc shto e eurofarm.
Или замоли во некоја зегин/еурофарм аптека да проверат каде има низ Скопје залиха... И да ти ги резервираат во таа аптека. Јас така последниве 2 пати молев по аптеки и ми наоѓаа
Здраво, 28 гн, прв пат испитувам ддимери и се 1987, матичниот гинеколог ми вика да почекаме за 2 недели пак да се провере, без терапија... искуство