Девојки хелп! Требаше да примам клексан од 0,4 сега, јас по грешка сум боцнала од 0,2. Дали ќе има големи последици? Дали утре наутро место од 0,2 да ставам од 0,4? Ве молам кажете од искуство дали има место за паника?
Ја, 1937, 27+1, едно време ми беше намалено, ме гледаше на ехо и рече дека е океј. Верувај си на гинекологот, секој различно кажува, секаде се различни референтни вредности. Во Авицена, трет семестар до 2600 треба да се.
Нема простор за паника, од еден клексан помалку или повеќе ништо нема да биде. Утре продолжи си со терапијата како што ти е препишано. Поздрав
Да не те плашам, но со скратено активно парцијално, обично даваат клексани. Да си разговараш со трансфузиолог. Јас 27гн испитував, ддимери имав 1630 но активното ми беше 28, исто како и во 15гн и трансфузиологот не ми даде терапија само ради покачените ддимери.
Здраво !!!Молам да пише некоја мајка што е при крај со бременост, а прима клексани.!!! Ддмерите ми се 3700, 37+4 сум......матичниот, на последен преглед кај него, ми кажа нека те пораѓаат 38ма недела да не ризикуваат, да не те чекаат повеќе. Докторот на ГАК што ме води не е загрижен за ддмерите и ми даде терапија да се боцкам уште една недела (до 38+4) и после ми кажа ќе ми ги прекине и чекаме 39та недела. Ако не доаѓа само, ќе ме пораѓаат. Имам две спротивни размислувања. Во паника сум, бидејќи немам блиско искуство со клексани и ддмери.
Јас мислам дека нема простор за паника ако времињата се добри. Испита ли хемостаза. Мене димерите уште во 24 недела ми беа 4700.
Времињата ми се добри. Едното само, дали беше парцијалното точно не се разбирам ни јас...ми кажа дека е малку скратено, но е нормално бидејќи сум веќе при крај и самиот организам се спремал.
Не е страшно мислам слушај си го докторпт што те води на ГАК сепак се специјалисти, надобро знаат. Јаз испаничив за тоа што ми беше скратено малку активно парцијалното, но др на ГАК ми рече дека се си е ок додека сум покриена со терапија, а и воедно ја следат и плацентата и доплерот беше добар. Така да не се плаши... Со лесно
Прашај друго мислење али јас не би ги прекинала на крај. Тоа дека ти се скратени времињатаради тоа што си при крај нема врска. Јас бев од прв ден на клексани и времињата ми се оправија во 9ти месец дури и си ги примав до посчеден ден и после пораѓај уште 4 дена. Со оглед на тоа дека едното ти е скратено продолжи со боцкање штета немаш никаква од клексаните. Кога веќе си под терапија и скратени времиња не би ризикувала да ги прекинеш.
Тоа се 3 дена без терапија, лаички гледано не би требало да влијае којзнае колку, а ако мора со царски без клексани подобро. Побарај си и друго мислење, прашај трансфузиолог.
Прашањето е дали на ГАК ќе се согласат тогаш да ја породат пак е неизвесно колку време ќе остане без терапија.
Дали ги рефундираат парите за клексаните што после пораѓај се примаат? Или само за овие додека сме трудници?