Фала ти на убавите зборови. Активираното време скоро на сите проверки ми беше 26, а нормално беше над 27, другите две времиња ми беа секогаш во нормала. Правев на 2 недели контрола и на ехо бидејки имав мн лакуни на постелката за да следат дали бебето качува на килажа и за среќа се беше во ред. Се роди 3280г. Инаку после пораѓај сама си побарав во болница да ми ги проверат ми беа 700 и нешто и 2 недели после пораѓај пак ги проверив ми беа 1200 но се консултирав и со гинеколог и трансфузиолог ми рекоа дека е нормална бројка тоа за после пораѓај и дека не треба да се боцкам пак.
А времињата ако се скратуваат што ве советуваат вашите лекари? Мене мојот матичен упорно ме убедува дека е нормално да се скратуваат, се спремало телото за пораѓај па да не искрвави.. Мене ова ми звучи како здраворазумско а не медицинско објаснување, а трансфузиологот не коментира-гиникологот знаел. Последен пат во 7ми месец ми беа Активирано парцијално 23.6 (27.9-37.7) и Тромбинско време 11.1 (16.1-24.1). На гинекологија само ми ја продолжија истата терапија, клексан од 0.4 х1 дневно.
Да, прво бев на 0.2 мг превентивно со малку скратено тт, сѐ друго нормално, после почнаа димери да растат па ми зголемија на 0.4 мг. И уште растат димери и времиња се скратуваат, терапијата е иста а одговорот дека е Нормално
Незнам што да ти кажам, нека ти одговорат поискусните. Кај мене се беше во ред, сега ми се изменија резултатите и почнав со терапија, за 10 дена сум на контрола па ќе видиме.
Да, јас од 20та недела примам клексани, по 3 на ден, па по 2, димерите ми варираат, а времињата ми се кратат. Докторот што ме води вика дека е нормално. Сега сум 35+. Бебе си напредува.
Опушти се. Докторот што те следи најдобро знае. Мојот понекогаш не ги ни погледнува резултатите, доплерот му е најважен. Без грижи
Не, на самиот преглед/ехо, прават доплер на плацента и папочна. Штом има добар проток/циркулација се е во ред
И јас незнам што значи ама знам дека не треба да се пониски од границата. Јас пиев аспирин 100 на секој втор ден ама сега сум на клексани. Активираното мене ми е 23