Колку се кај тебе д димерите? Како се движат? Матичната дека ми рече да прекиниме, сега вака страв ме фаќа што пиша.
Оди на трансфузиолог. Матичните имаат став за ова, за жал, не знаење. Јас колку што знам клексани не се прекинуваат во тек на бременост. И мене магичниот ми рече да проверам во друга лабараторија, приватна со која соработува, може за џабе сум се боцкала (!?). Јас со извештајот си отидов на гинекологија, и таму специјалист гинеколог ми ја продолжи терапијата, независно од Резултатот кој укажуваше на нормални димери, заради историјата и тромбофилија та. Пс. @LoveHope ти која недела си? Зошто ги испитуваше-со индикација или рутински?
Во градот кај што живеам јас нема трансфузиолог. Во соседниот град во трансфузија излегуваат високи вредности на д димери(од искуства на блиски), и неможиш да бидиш паметен. Во понеделник сум на контрола кај гинекологот што ме правеше серклаж(др Даниела Јованова), серклаж сум правена точно на 22ра недела. Ќе ја прашам за клексаните посекако и што да правам. После серклажот ништо не ми испитаа(една диференцијална к слика во болница што ми направија и толку). Јас сум општ доктор, и неможев да се оставам без к слика комплетна со Хемостаза и д димери пошо страв ми беше од инфекции, сепак интервенција е, може да има и покачување на леу... ( ја правев во лаб кај што работам јас). Ама сепак не сум доволно стручна во гинеколошкиот и трансфузиолошкиот дел за да правам било што..
Најдобро е кога ќе доаѓаш во Скопје да пробаш да се поврзеш со трансфузиолог. Пробај со приоритетен преку гак.
Др Даниела доаѓа во Кавадарци, таму одам јас. Имиња на доктори трансфузиолози во Скопје на клиника каде одете вие? Не ги знам никој, на гак освен за приска не сум дошла.
Ти благодарам. Понеделник на прегледот ќе разговарам и со докторката околу терапијата. Зависи и на каква нога ќе ја начекам.
Јас бев на приватно, кај д-р Нино во Систина. И тој не веруваше на резултатите од болницата во мојот град, ама излегоа идентични во Систина. Негова препорака беше превентивно клексан. Инаку, и некоја докторка во воена болница ја фалат. И јас не сум од Ск. и тешко ми беше да допрам до трансфузиолог, затоа на приватно.
Дали ви побарал некој трансфузиолог (иако ставате клексани навечер пример), да се боцнете сабајлето, па да дадете крв за димери (за 2 часа од боцкањето) за да ги види тие резултати? Дали навистина се поразлични од "нормалните" резултати што ги правиме, а сме се боцнале пример претходата вечер (како до сега редовно што испитуваме)? Фала ви на мислењата
Мене еднаш Елена Ристевска ми кажа дека добро е да се направи таков тест. Тоа е веројатно сличен како тест за аспирин што го прават - да се види дали делува и да се одреди дозата. Но јас не го направив и терам со клелсан 0,4 и некако под контрола ми е хемостазата.
Нино од Систина инсистира денот кога правам хемостаза и д димери утрото прво да се боцнам фраксипарин а после да дадам крв на испитување. Иако јас навечер боцкам фраксипарин
2210, 2260, 2800, 3100, 3350...i nema shansi da mi gi prekinat do kraj mi kazaa transfuziologot, samo moze ako ne rastat premnogu da bidat po 1 na den
Така правам јас стандардно. Но, за ваков тест требало да се боцнам утрото пред зимање крв. Јас не го направив тоа.
Слушнав дека може да се добие сепса ако ги аплицираме клексаните во домашни услови (неправилно) дали тоа е точно? Многу сум загрижена бидејќи мене мм ми ги аплицира и ова ни е прво искуство, незнам дали е правилно аплицирана :/ видовме на нет како се аплицираат
Прв пат слушам И нас по дома ни е прво искуство, боцкаме како стигнеме, сега за сега е се добро. Немам многу модрици и резултатите се добри. Опушти се и не читај мн низ интернет Ако земеш да читаш, се и свашта и за клексаните има, па еве цел свет трудници се боцкаат и немаме слушнато лошо искуство
Немам прочитано. Снаа ми ми кажа да внимавам дека се добивало сепса. Фала на одговорот, ми олесни малце