Дајте некој совет како/каде да ги ставам клексаниве, веќе 2 дена се боцкам на раце и имам и модрица на местото и ме боли раката после тоа... Пробав и со мраз на местото пред да ме боцне мм, ама џабе. Не знам дали нешто погрешно правиме
На почетокот боцкав во стомак, повеќе салце полесно беше плус ич модрици. После почна да расте стомакот преминав во бут па почнаа мн модрици и сега во рака малку мака мачиме ама знае да се појави по некоја модрица и обавезно ја одмарам таа рака и на другата погоре подоле боцкаме. Мачкај обавезно на модриците маст. Нема посебен рецепт секој организам, кожа е различна. Инаку неможеш погрешно да боцкаш, битно да боцнеш ќе си отиде течноста каде треба
Јас се уште ги боцкам во стомак од прв ден а сега сум 30 недела и никогаш немам модрици ниту пак да ми е тврдо местото Мене ми е страв да ме боцне друг
Не знам зошто ама многу ми е шубе во стомак, особено сега во 8ми. Може ли од страна кај спојлерите да се боцкам? И за нога, дали би можела баш кај бутките од задна страна? А за крема ќе ја побарам Хепатромбин, безбедна е за во бременост така? Фала ви многу на одговорите Ми препишаа клексани, а никој не ми објасни ни како да ставам, ни што да користам за маст, ништо... А читам дека не треба да се боцне во мускул, не можам да ви доловам колку ми е страв секој пат дека некако ќе го погодиме
Па во рака е поголема веројатноста да погодиш мускул ама не е страшно. Препорачливо е да не е во мускул од тие причини, да немаш болка и модрици. Јас се боцкам во рака, ме боли нецела минута после боцкање а модрица до сега сум немала.
Да, сега веќе ти е голем стомакот, те разбирам и мене ми е језивко затоа во рака сега се боцкам. Ставај ги малку подкожно и нема страв дека ќе погодиш мускул А и да погодиш освен што повеќе ќе те заболи и модрица ќе се направи ништо друго страшно Иглата е кратка така да немаш што да погодиш и повредиш, така да без страв Освен болка друго нема зошто страв. Уште малку ти останало ќе го издржиш и боцкањево Крема обавезно мачкај врз модриците, тоа трансфузиолог ми го кажа.
Нема страв, мала е иглата. Јас боцкав во стомак до 6ти месец, после во спојлери од страна. Масничко е таму, штипнувам и под агол од 90 степени боцкам. Што подолу и накај бут, тоа помалку ме боли. Модринки таму ми се немаат јавено. Прво ми ги ставаа во рака (болат и модрици на секое аплицирање), па сама во стомск (не боли колку што е језиво, модринки средно), двапати пробав во нога (најболно, модринка носам цел месец).
Me interesira iskustvo okolu hemostazata i dimerite. I pokraj toa sto primam 10 dena kleksani, vreminjata mi se skratuvaat. Dimerite od 2056 na 1953 se namaleni
Мами ајде ве молам да ми кажете каде боцкате клексани? Мене ми се 2350 и ме почестија со клексани е сега јас се боцкам инсулин во раце и неможам таму може ли на друго место? Знам дека е мускулно а можам ли во задник?