Што правите во случај кога сеуште не ви се рефундирани парите од клексани те, а веќе имате нов извештај за поднесување? Дали чекате прво пари или го поднесувате и другиот извештај па потоа чекате пари за двата?
Jas si go podnesuvam noviot izvestaj, a cekam pari od predhodnite...zasto na sekoj 10 dena refundiram 20clexani
Јас над бут, во спојлерите ставам. И така од кутура ја мушкам иглата. Не ни гледам. Убавини. Никаква болка Не осеќам. Појќе ме боли инсулинот шо го боцкам.
Здраво Да споделам само информација со вас во врска со рефундацијата. Подадени документи почеток на месец, парите ми пристигнаа вчера, крај на месец значи. Не чекав многу. Некаде околу 60% ми вратија.
Нема, нема. Прошлата недела маж ми цело Скопје го сврте. Во компјутер му проверуваат дека има таму и таму пример 30, оди таму ааа нема има два , не е точно тоа. Едвај 5 беше собрал. Со Зегин како е ситуацијата зошто поише по еурофарм барал?
Зегин скоро и да нема, ретко наоѓав фраксипарин само имаше ама и тој ретко. Ти требаат за сега? Ќе пробам да ги замолам во Еурофарм каде што зимав јас да ми тргнат една кутија и ќе ти пишам. Добиваат по 3 кутии и тие 3 кутии веќе се резервирани. Ќе проварам за некој пола саат и ќе ти пишам.
Фала многу. Имам уште за два дена. Едит: Мониче ми требаат 10-12 за до 14 дек . да имам тогаш сум на трансфузија и барем да успеам да рефундирам нешто. Досега така ги зимав, немаше термини .
Баш заради дефицитот на клексан, фраксипарин боцкам, тој до сега стално сум го наоѓала. Барајте по помали аптеки, не зегин и еурофарм, овие помаливе и ќе ти нарачаат од негде може имаат и клексани, во еурофарм кога ќе отидам одма ме откачуваат. Базилика во Автокоманда, Артемизиа во Ново Лисиче прашајте на тел. И барајте во некои такви локални аптеки мислам поголеми се шанси да најдете и да ви излезат во пресрет.