Нема зошто извини Пуштаат термини цело време особено за лабараторија има. За кај трансфузиолог потешко се стигнува до термин, инаку за лабараторија има. Зошто да плаќаш 3000+мкд кога на државна е бесплатно. Матичната може да ти даде упат како високо ризична бременост(мене на секој упат така ми пишува) и системот ќе и дозволи. Само несакаат да се замараат па затоа не откачуваат Секое добро
Баш сега разгледував 2600 излегува целосно , а мора и хемостаза или може само димери ? Прв пат испитувам ама веќе се договорив ..
Најдобро е да се консултираш со матичниот, секој е различен. Кај мене конкретно гледаат само времињата ( хемостазата) додека димерите им се попратни и не толку битни. Убаво е да испиташ комлет, но пак ќе кажам консултирај лекар кој те праќа на испитување најдобро знае за твојата бременост
Сама го барам испитувањето и затоа не сум ич упатена ама ќе разговарам утре со матичната стварно се премногу 2600 денари.. фала ти
За на трансфузиологија може да ти даде термин за да не плаќаш приватно...а матичниве што чекаат индикации ич не ги разбирам...еве кај мене нема ништо, ни оток, ни сум поправена многу, ни имам трнеење а ддмерите ми е високи и се боцкам...среќа па матичниов ме праќа на време за се.
Само да прашам нешто Во цело Скопје само во една болница ли испитуваат димери и хемостаза ??? Ми нема логика Кај нас во помалите градови во општа болница секогаш може да испиташ димери а и за кај трансфузиолог секој ден има термин Распрашај се ако нема на трансфузиологија термин сигурно има во градска воена или некоја друга ама па логично е штом имаат лабараторија да може да се испита п.с тоа е само мое мислење немора да значи дека е така
Не сум од Скопје јас ама прва бременост ми е и не сум упатена во испитувањето на димери и хемостаза мислев дека ми е побрзо на приватно да проверам ама со ценава претеруваат искрено и затоа ќе прашам утре што како за државно..
Па во твојот град во болницата мора да испитуваат димери во лабараторија а ако имате трансфузиолог тогаш и хемостаза можеш да си испиташ Распрашај се ама ем ќе ти биде бесплатно ем нема да се малтретираш да одиш до Скопје
Нека ти издаде потврда матичната дека пд тој до тој датум се примени толку клексани.... (обично така сум рефундирала а не со рецепта)
Воена не можело да се закаже на трансфузиологија. На државна ми закажа матичната и тоа со шифра за нормална бременост. Самата бременост е индикација. Како е со гужви?
@stsmua05 Јас земам упат од мат гинеколог за ддимери и хемостаза само за лабораторија, ама секако тој ден докорот што е во амбуланта ги чита резултатите и пишува дали има потреба од терапија, откако ќе ги земам рез пак си влегувам на кратка консултација кај трансфузиологот ако ми е сумљив резултатот, не ме враќаат, после пак си се конаслтирам и со гинекологот. Кај нас Штип секогаш има термини за лабораторија и е бесплатно за трудници, зошто да плаќаш, и ако има потреба се ќе си испитуваш во истата лабораторија.
Ми треба информација ако знае некој. Бремена сум 7 месец, до сега цело време сум на клексани а на преглед идев во Воена болница, каде извештајот со потпис и печат го добивав за неколку саати на шалтер таму. Денес прв пат бев во Државна болница на трансфузиологија, и извештајот ми го пратија кај матичната. Е сеа зошто продолжувам со клексани, дали треба пак да се вратам на трансфузиологија за потпис и печат на докторот за дс ги оправдам пред фонд? И ако треба дали има временско ограничување до кога треба да одам за истото?