Ве молам да ме потсетите... Како одеше тоа со поднесување документи за рефундација? Сметкопотврда, сметка и извештај кај што ми се препишани, и потврда од матичен така? Извештајот претпоставувам треба копија така? Барање некое треба ли? И каде е носат, дали во Фонд што е кај црвен крст близу зелено пазарче? Да не напреднале па да може и онлајн? ☺
Тие се документите плус барањето, трансакциска (карточне или како и да се вика кај што има број на сметка каде ке ти рефундираат) и копија од лична карта. Во однос на копии направи си и од сите од сте документи зашто у последно време им текна копија од ова копија од она... А барањето го има на страната на ФЗО и го има исто таму да пополниш директно. Ќе ти пратев линк од каде да го симниш ама го смениле изгледов на странава не се снаоѓам баш. И се поднесува кај црвен крст
Завршив со прегледот и ми закажа матичната за димери и хемостаза у Скопје не приметив дека е во Скопје одпосле видов ваљда нема кај нас што знам .. ама ми закажа без проблем и тоа на 7ми сега
Dali e fiskalnata I izvestajot od gak treba da Se so isti datum. Vcera bev na gak Ama nemozev da najdam kleksani I tek denes najdov I gi kupiv. Valjda nema da imam problem za refundiranje????
Нема...работата е да не се купени клексаните пред извештајот, туку треба да се после него или на исти датум
Девојки, за во фондот за рефундација, дали е потребна рецепта од матичниот лекар? Јас знам дека не е, сега ми викаат дека требало. Ме пореметија веќе со тоа што треба, што не треба.
Очигледно Ск и другите градови се наоѓаат во две различни држави Ќе земам ќе баталам и рефундации и се. Ми прават проблем и за извештаи гинеколози на државно, ФОНДОТ ИМ РЕКОЛ ДА НЕ ДАВААТ МНОГУ ИЗВЕШТАИ На Гак никој ништо такво не ми рече, ама овде мозокот каша попара ми го направија за еден месец.
Еве и јас не сум од Скопје и мене ми бараат рецепта , а сестрата не ме внела во системот...аман веќе...им оставив само потвда денес па ако одобрат добро ако не ,не можам веќе да им го фатам редот
Ова баш излегува како во други држави да се Ск и другите градови. Безредие. Јас планирам во Ск да поднесам, ме побеснеа овие овде скроз.
Ами сите што живеат во Ск не се со адреса на живеење во лична карта во Ск, така да, не треба да е проблем. Иста институција за цела Мк е тоа, затоа и ме бунат различните 'правила'. Ако сум грешка, нека ме поправи некоја членка.
Во право си ,така е логично ...исто како документите за ин витро...можеш да ги однесеш директно во Фондот во Скопје , а можеш и во местото каде живееш
По лична карта се водев во Гостивар, до пред некое време а поднесува цело време во Скопје немаше никаков проблем
Н Не знам дали ќе биде проблем што баш овој извештај што не ми дадоа рецепта за него ми е од трансфузиологот од мојот град ...ти само со потврда , без рецепта поднесуваше така?
Каде на мој термин да проверувам за слободен термин? Трансфузиона медицина - лабораторија за анализи Скопје 1 или Скопје 2? Гледам нема за цел декември термин