Да со упат, ако правиш државно. Имаш индикација или? Јас морам секој месец да проверувам комплет дека со мутации сум.
Па тоа е кога не знам и се молам за упат Бемам индикација никаква, но сакав да испитам чисто за мене. Познавам случаи каде без индикација на крај високи се покажале па затоа.
Првиот пат преку оптш матичен. А после он со интерно закажување си фаќа термини за секоја наредна контрола.
Дојде редот јас и тука да пишам. Од утрр треба да почнам со клексан или фраксипирин така пишал Јани во извештајот, утре ќе одам да си го земам. Е сега кој се подобри, болат ли некои помалце или исто ти се фаќа и дали сами се боцкате од сам почеток или се снаоѓате некако со други луѓе? Цела сум во страв и паника
Дали може матичен гинеколог да ти даде упат за д димери ? 2 пати со ред на упатот не ми пишува, а други ми рекоја дека не можело, морало на одделение да ти дадат упат.
Мислам дека сите 323 страни ги прочитав и пак сум збунка Да бидам спремна за утре 1. Најбезболно е во стомак од страна, т.е спојлер? 2. Дали ги чувате клексаните во фрижидер? (Прочитав дека помалце печеле така) 3. Секој ден во исто време мора боцкање? 4. Која цена се баш ме интересира, иако утре ќе дознаам? 5. И каде најчесто може да се најдат, во кои аптеки?
1.во стомак до 20 недела можеш. 2.да можеш во фрижидер, пред да боцкаш ставај мраз на местото. 3.секој ден исто време 4.250 денари 5.capitol anni farm
1.да во стомак неколку прсти од папок лево десно (во спојлер) ќе се штипнеш... па боцкаш А може и во рака но повеќе болат 2.најчесто во ладна просторија ,мислам може и фрижидер (ќе провериш во упатството) но најдобро пред боцкање 15тина мин да е на собна температура 3. Исто време треба да е секој ден... 4.250ден 5.во помалите аптеки...
Консултирај се ако сакаш, но имај на ум дека некое време пред царскиот (ќе ти кажат колку) не треба да ги примаш.
Вака бев си го земав извештајот од кај гинекологот што го пратил Јани, имав милион прашања не успеав ни едно нешто да прашам не ми беше нешто баш љубезна докторкава, а замена е за мојата матична која ми отиде на породилно. Среќа ве имам вас тука, па се што ме интересира си дознавам тука, незнам како ќе терам бременост ама ај со Господ напред. Читав и погоре дека имате проблем со закажување термин кај Јани на трансфузиологија. Јас видов дека во јануари има термини и ја замолив сестрата да ми даде упат, ми вика неможам јас од тука, како си отишла претходно така пак да си одиш. Мене стварно не ми е згодно да молам 300 луѓе ако веќе постои опција со термин. Извинете за долгиот пост, ама многу сум лута и нервозна и сега незнам како пак да одам по регулар пат кај Јани, кој треба да ми закаже?
Од општ матичен ќе си земаш упат за кај Јани. Матичен гинеколог не ни може да ти даде. Шифра- варикозни вени
Жени, не знам дали има др тема, барав но не најдов, затоа овде да ве прашам.. Од кога ќе стигне дома писмо од фондот за рефундација, после колку време ги рефундираат клексаните?
И мене ме интересира. Пишани ми се за 40 дена, треба да чекам да поминат 40 дена и да поднесам за рефундација или треба порано-подоцна некој ден?