Јас бев минатиот вторник на трансфузија , ги пратиле рез. кај матичната општа , она супер ти се. Ми ги прати и на мене , ги пратив и на гинекологот и она рече супер се. И сеа ги гледам , скратено аптт и тромбинско а димери 148. Наод хиперкоагулабилност, но терапија иста: секој ден клексан, секој втор ден аспирин Се сеќавам и за првата бременост баш најдов стари рез. аптт било намалено од почеток до крај. Сега баш се изнервирав , а на трансфузија контрола за 2 месеца ми закажала, оти не сум имала “страшни” мутации
На извештајот од кај Др Јани го има пишано генеричкото име на лекот Enoxaparin, е сега прашањето ми е дали ќе ги рефундираат парите за купени клексани? Имам инфо дека неможело така, требало во извештајот да ги пишува како клексан а не enoxaparin… Ве молам некој доколку има купено/рефундирано со таков извештај да ми каже дали имало проблем, бидејки прв пат ќе поднесувам документи. ☺️
Кај мене и извештајот од кај др. Јани и рецептите од кај матичната се така напишани, предходната недела поднесов документи ништо не ми рекоа наводно во ред се, сега чекам рефундација.
Феминки ми треба совет. Сабајле во 8 сум на транафузиологија за да ми земат крв, инаку сум бремена и сум на клексани поради покачени ддимери. Ги ставам навечер накај 21:00, а баш вечерва забправив!! Прашањето ми е, дали ако ставам сега, може савајле да покаже погрешни резултати, во смисла пониски вредности. Или ако не ставам вечерва обратно, да покаже повисоки вредности? Не знам што да правам...
Здраво девојќи, доколку има некоја сега скоро да рефундирала средства за фраксипарин од 0,6 да ми каже колку пари рефундираат од еден? Фала.
Zdravo zenski da prasam bremena sum 16 nedela so bliznaci primam kleksani vecerva vo nasata apteka nemase a Edna ni e I sega nemam da se bocnam ke napravam li nekakov problem
Добровечер девојки не знам дали на прашањево мое му е местото тука но сакам да прашам имам еден проблем доколку некоја женичка го имала истиот проблем ве молам помогнетеми се работи за тоа што по недели сум 30 недела бремена а на ехо се водам како 27 недели тежина на бебушо е 1067 грама денеска матичната докторка ми кажа дека каснело 3 недели од неделите по бременост, примав клексан 14 дена пошто ми беа покачени Д д мерите исто така доктократа се сумја дека не се храни бебчето како што треба преку папочната врска па почна да ми кажува дека можеби ќе треба пред времено да се породам инаку со бебенцето се си е добро органите му се добри се си е во ред моментално се водам 27 недела по ехо а 30 недела по недели на бременост. Само да напоменам дека имам не редовна менструација ве молам помогнете ми со мислење доколку на некоја женичка и се има случено нешто вакво ви благодарам и имајте убава вечер
Во болницата ми беа пишани само 14 дена дека треба да примам секој ден по една , инаку ми закажа упат за на 30 Декември за да ми земат крв.
Требало да не се прекинуваат без претходно пак да ги провериш. И мене така ми пишуваа на почеток за 14 дена, ама јас пред истекот проверував пак и ми ги продолжуваа. Види сега што ќе покаже и побарај и второ мислење од трансфузиолог.
Во ред ти благодарам многу за мислењето а мислиш дека можи нешто да влијај на бебушо ? Инаку клексаните ги прекинав само пред 8 до 10 дена ....
Па може. Се формираат лакуни на плацентата и со тоа се ограничува растот на фетусот преку намален доток на хранливи материи до истиот. Испитај и хемостаза, да видат и времињата како ти се.
Не.. хаха профилот е на мојот сопруг али си го користиме заедно поради тоа што јас кога направив акаунт не можев да коментирам најверојатно поради тоа што е нов акаунтот. На сета мака ме насмеа хаха срцка си !
Здраво девојки пак јас денеска бев во трансфузиологија ми зедоја крв пред малку ги земав резултатите и Д димерите ми беа 2.600 ваше мислење ? Веќе 2 дена пијам аспирин дали ќе се намалат ? Понеделник треба да појдам кај матичниот гениколог за да ги види резултатите Ве замолувам за ваше мислење