Дали ако општ матичен ми закаже на трансфузиологија како трудница испитување д димер и хемостаза ќе ми биде бесплатно, ако не колку се плаќа испитувањето?
Мислам дека општ матичен не може ,мене општиот матичен ми даваше упат за на интернист,па од таму ми закажаа и си платив само не се сеќавам колку
Веќе ти пишале , да може но нема да е бесплатно ко што треба за трудници туку ќе си платиш ко пациент- во зависност што ќе ти проверат докај 400ден
Од кај знаат дали си трудна на почеток, си зимаш упат и си одиш, никој не ми направил проблем. Прашај убаво..
Дека беше на почеток, јас си прашав сама зашто не знаев што шифра треба. А нели се чека за термин, додека дојде терминот знаев дека сум трудна и викам па нели е бесплатно. И тоа рекоа дека не смеат да земат пари. Нема везе, после со шифра за бремени си испитував секој месец.
Здраво. Јас сум со ивф, сега сум 12 та недела. Пред 20 дена д-димерите ми беа 1000, сега (секој ден примав по еден clexane од 40мг од трансфер до денес). Сега д-димерите ми се 580. Матичната кажа дека се идеални, ама бидејќи сум со ин витро ми даде приориретен за на ГАК со цел тие да ми дадат мислење дали да продолжам. Дали вие со волкава вредност на д-димери сте боцкале clexane?
Мила битна е и хемостаза и генетски мутации, не се зима само резултатот од д димери во обзир. И јас сум со ивф со близнаци, во 14 недела ми беа 760 д димери (примам клексан секој ден, преку еден ден Аспирин). Најдобро би било консултирај со трансфузиолог.
Даа, знам. Направив целосно испитување, но останатите вредности матичната ми кажа дека се во ред. Како и да е, ќе се консултирам утре и ќе видам. Во прилог го ставив резултатот.. Фала ти
Девојки во среда сум на контрола ама до тогаш некоја ако знае да ми посочи што значаат намалените вредности на PT и INR
Здраво девојки Дали некоја од вас имала покачени вредности на д димерите но да била заразена со ковид кога ги испитала. И дали се намалиле пост ковид и доколку не дали сте примале терапија пост ковид. Ви благодарам
Здраво, Fraxiparine od 0.40 која цена се и каде може да ги најдам ? Итно ми е, ќе ве замолам за брз одговор ако некој знае и чита.