Супер ти се. Со лесно. И јас во 26 излегов позитивна, се боцкам јас ама и пред тоа со фраксипарин. Како си со короната, имаш некој симптоми?
Добри ти се, 1290 е горна граница за второ тромесечие, кај мене беа 1500 и гинеколог ми рече нема потреба од никаква терапија.
Фала ти..Имав така благо покачена темп. Црвено грло,кашлица сува.Испив цефалексин.Изгубен вкус и мирис.Имам мнооогу главоболка и болка во синуси,замореност и тахикардија.10дена од симптоми,7дена од позитивен тест. Ти како помина?
Па јас ко отпеана сум, деновиве многу ми се спие, може да е и од бременоста иначе јас на 6ти вечерта кренав 38.2 после утредента цело време ми варираше од 36.8 до 37.4, направив тест позитивна По некој ден изгубив осет за вкус и мирис и страшни болки во грлото... Еве сеуште од време на време имам болка па ме пушта, и така.. И ништо не пиев, освен 3 парацетамоли у цело ова време
Ајде со лесно да поминува кај сите Мирис вкус ти се нема вратено?јас во неделата го изгубив.Многу ме плашат синусиве мене,да не имам воспаление од олку болки,а на крвна слика денес само неутрофилите и леукоцитите малце покачени се
За среќа ми се вратија, погрдо чувство нема мене малце алт и триглицериди ми се покачени и црп ми е 12, денеска и јас правев испитувања
Здраво девојки. Во четврток испитав д димери и хемостаза ( резултати ми се супер) вчера бев кај Јани. Ми рече да продолжам со Аспирин преку еден ден и клексани секој ден. Арно ама денес испитав крвна слика, тромбоцитите ми се покачени (гинеколог ми рече или секој ден Аспирин или по двапати клексан но сепак со консултација на Јани, му пишав сега на него се надевам ќе ми врати). Во меѓувреме ве молам за совет некој со слично искуство, многу испаничив? Секое мислење би ми значело
Мрне со вакви тромбоцити а нормални д димери ме ставија на 2 клексана а ми го исфрлија аспиринот. Исто негде 18та недела бев
20 +2 сум Бубче. А вчера бев кај Јани, штета што немав крвна слика, а според д димери и хемостаза сакаше да го прекинам, а јас како нешто во мене ме натера му викам ама јас сум со мутации, и као ај добро продолжи да боцкаш. Е сега ако не ми врати, среда ли беше во амбуланта да идам да чекам дали ќе ме прими? Бидејќи нема термини
После ковид само димери испитувате или и хемостаза? Гледам пакетиве, а и во Ковид лабораторија само д-димери спаѓаат.
Ми врати на Вибер. Ми рече исто да продолжам преку еден ден Аспирин и секој ден клексан. Дека хемоглобинот ми бил паднат затоа тромбоцитите ми биле качени, кога ќе ми се регулирал хемоглобинот ќе се сределе тромбоцитите.
И мене со покачени тромбоцити ми отфрлија аспирин и ми дадоа клексан по 2 пати..и уште се боцкам по 2 пати, ама сега тромбоцитите се регулирани ама ддмерите си седат уште високи
Па незнам што да мислам... Сепак Јани е експерт за таа област, останува да му верувам, и да терам како што ми кажал.
Да да таман работа...ние сите сме со различна бременост и дијагнози...слушај доктор како ќе каже така, само искуството мое ти го споделив
Фала ти мила, и јас побарав искуства и мислење, фала што сподели. Точно така сите сме со различни дијагнози и бремености, ќе слушам што ми кажа и ќе се молам Господ да биде со нас ❤️