Ве читам цело време го фалите Јани. Може да ме посочите кој е? Претпоставувам трансфузиолог. Кај работи и како е со термини и закажување за кај него. Не сум од ск и незнам ништо за него
Јани е транс кој работи во државна на оддел за трансфузиологија, кај мене после 2 спонтани благодарение на него имам 3 м бебче. Можеш да бараш термин на мој термин и да закажеш да те види и да ти каже што како. Тешко е многу само за термини
Има мислење од трансфузиологот види го убаво ова не ти е целосно Ако чекаме од матичните ќе не биде. Мојата рече све е супер а тоа сите времиња скратени излезе дека само димерите ги погледнала они им биле репер Аптт ти е скратени и ддимерите покачени ама зависи кој триместар си .
Здраво на сите ❤ Да ве прашам после колку време од поднесувањето на барањето за рефундација ви имаат рефундирано средства за клексани? Фала
Кај мене нема исплата еве скоро месец дена… Од 03 Јануари ми стигна писмото, се јавив во петокот и као демек во тек е исплатата па уште чекам ..
Здраво женски, побарав низ темава, но не успеав да најдам кои се нормалните вредности за хемостаза во бременост. Денес ги земав резултатите, на матичен ми кажаа дека се ок, но не пишува мислење од специјалистот. На мене ми личи активираното парцијално време ниско, но сепак не сум доктор . Некој искуство со слични резултати? Моментално сум 25 гн.
Здраво јас сум во 24 недела и имам слични резултати со тебе, активното парцијално време е скратено 26 е, а д-димерите се повисоки 1230. Матичната рече дека се во ред за второ тромесечие. Ако бебето си одговара со мерките за неделата најверојатно се е во ред Кај мене бебе е помало за 1 недела, па најверојатно за 10-15 дена ќе ги проверувам пак ако и на наредно ехо е пак помало.
Воопшто ни писмо не ми стигнало. Не знаев ни дека треба да стигне..дека прв пат поднесов барање. На домашна адреса стигнува? Јас поднесов барање на 04.01.
Поднедов -Извештај од ГАК за клексаните -Потврда од матичната дека сум ги примила (се зема откако ќе ги примиш) -Фискална сметка и сметкопотврда за купените клексани -Копија од лична карта -Копија од трансакциска сметка -Барање за рефундирање (се пополнува на лице место во фондот)
Devojki za fraksiparin kolku refundiraat da ne znae nekoja? Mene deneska mi stignaa deka pomalce pari... Da ne ne e 70% isto kako kleksanite?
Стасува извештај/одобрение. Еве проверив денес ми стигнале парите на сметка, кога се јавив пред некој ден ми рекоа дека 3тата недела после писмото легнуваат парите на сметка. Јави се за секој случај во фондот ќе проверат каква е состојбата.
Мајки од каде се зема сега извештај за клексани од ГАК или Од Трансфузија и дали успевате сите да ги рефундирате?
Можеш и од двете места. Јас земав на почетокот од Гак после продолжив на Трансфузиологија. До сега две барања ми рефундирале, последново уште нема ништо 2 месеца скоро поминаа нема рефундација, ама ќе чекам нема друго