За да има подобрување треба најмалце 20 дена да ги примаш клексаните дека одма чудо ќе направат малце потешко. Највеќе ќе се регулираат после пораѓај. Не се високи, во бременост одат и до 30 000, битни се времињата да не се скратени.
ден пред пораѓај ми ги прекинаа така беше советот од трансфузиолот, ама ја се породив со провокации па знаев кога да ги прекинам .. после пораѓај уште една недела се боцкав
Здраво девојки, ако може да ми кажете каде да ги барам клексан инфекциите се јавувам во сите аптеки ги нема..Вие од каде ги купувате? Фала
Мене воопшто Не ми ги прекинаа. Последната ја ставив утрото во 07ч, на пладне во 13ч ме породија царски
Здраво девојки, да ве прашам кога се испитуваат д-димери во бременоста. Јас сум 18 недела докторката ми рече за следниот преглед (за две недели?) тогаш ќе бидам веќе 20 да испитам APTT со д-димери? Дали и вие сте испитувале во тој период 18-20 недела? И дали некоја превентивно пиела аспирин во бременост?
Здраво девојки, вчера испитував димери и хемостаза па сакав да прашам некој со слични резултати или повеќе познавање дали ќе може да ги протолкува. Матичната ми е отсутна цела недела, а во консултација со трансфузиолог ми рече дека се ок. Читајки тука гледам дека скоро сите со скратено активирано време се на терапија, па малку се загрижив дали добро ги виде резултатите докторот. Инаку сум 25+4.
Дечки, на сестра ми и рекле да испита д-димери, но на државно нема термин па ќе мора да оди приватно (најверојатно во Систина). Матичната од нашиот град не и објаснила убаво или не знаела и рекла да испита ДДимери и хемостаза (некакви времиња), и да и дал трансфузиологот мислење па да си рефуднира клексани ако препише. Ве молам од срце ако може некој со искуство од Систина да ни помогне како се оди патот, што како се испитува комлет/цена/дали се закажува накнадно кај трансфузиологот или може во еден ден да не оди во Скопје џабе 10 пати во ова ковидов... Гушкам *
Здраво на сите, денеска правев д-димери во 18 гестациска недела... ако може тие што сте правеле да го видите резултатот - дали се високи и дали треба клексан?
Според референтните вредности за втор триместар, ок се. Сепак за потреба од клексан најдобро ќе ти каже доктор. Доколку се е во ред со бебето и постелката, не верувам дека за оваа вредност би добила терапија со клексан. Направи консултација со матичниот
За рефундирање на клексаните може само ако извештајот го даде трансфузиолог(на државно) не од систина, или гинеколог специјалист -ко на Гак , а не матичен...