Да прашам ако имате инфо. Како се движат цените по приватниве лабаратории за испитување д димери за во Ск? Не можам термин да најдам на Трансфузија, а прележав корона пред две недели, сега да направам д димери 35+ сум, мора поскоро да се направат
Сум земала еден клексан плус , за рефундација сега како ? @ni.na последно маж ми најде по аптеките сара фарм, незнам дали има во К.Вода. Членките кажуваат и дека има секогаш во Капитол и Систина аптеките
Мене ми кажаа: никако. Си го чував за зорт, ако извештајот е до сабота, па за викенд да бидам покриена. И не беше еден, од над 200 колку што примив во бременост и после, околу 20 не ми се рефундирани, вклучително и тие после пораѓај.. и 3 имам дома вишок, си ги чувам за спомен
Да,да...ми кажа д димери и aTPP само, тоа и било потребно да види. Инече дека претходно имав пред оваа бременост 2 мисед и еднаш месечно ги испитував д димерите со хемостази на Трансфузиона медицина, ама пред 2 недели прележав корона, а сум 35+ и нема термини сега па мора приватно. Фала на сите за одговорите
Мене матичниот само ми вели добри се д димерите и кажува бројка, никогаш не го спомнува другиот дел - хемостаза се претпоставувам тие времиња? Како да знам дека тоа е во ред, ако се д димерите добри и тоа е добро? Страшно се нервирам со овие матични, никаква заинтересираност, се мора да биде борба.
Резултатот не ти го дава? Мене д димерите ми беа супер ама скратени времиња затоа сум на 2 клексани но не значи дека и кај тебе е исто… прашај ја слободно и види што ќе каже.
https://fzo.org.mk/obrasci-za-osigureni-lica Под бр.8 треба да е, на тел неможам да го отворам. Ако ижаш проблем пиши ми пак ќе пробам од лап топ како документ да ти го пратам
Претпоставував, значи страшни се, ќе ги скапам од ѕвонење сега. А за да утврдам скратени времиња треба консултација со трансфузиолог или има барем некои референтни вредности? Фала ви женски @stsmua05 @Bebetoo
Не секогаш гинеколозите се компетентни за одредување на терапија, мене ме води др.Јани и тој ми даде терапија и мислење. Мислам треба да се консултираш со трансфузиолог. Јас искрено не знам да прочитам резултати но доколку ги имаш сликај ги постави ги тука и ќе те упатат дел од членките.