Да ве прашам тие што користите и аспирин каде во извештајот ви пишува дали да продолжите со него? Доле препишале само клексани А погоре пред резултатите пишува да продолжи со истата lmwh терапија. Јас досега пиев аспирин ама сега рече може ќе го исклучам се ќе ти пишува во извештајот ама јас не гледам каде е тоа Сега незнам дали да го пијам или не
Мене во вториов извештај во горниот дел ми пишуваше аспирин до 30гн. Баш,ќе прашам следниот пат кога ќе одам
Исто и јас нормални ддимери а хемостаза аптт минимално под граница, но кај мене заради појава на хематом ги испитав и се консултирав со трансфузиолог каде ми даде да примам фраксипирин.
И мене уште на почеток ми напомени до 30гн. Ако си со мутации освен поради крварење незнам дали би ги исклучиле порано, прашај си за секој случај уште еднаш
@eli25 јас не побарав за тој еден рефундација, ситуацијата беше да задоцнам со рецепт еден ден- не стигнав кај матичниот, и сѐ се помести и имав "вишок" еден клексан. И од фонд ми рекоа дека нема да ми го рефундираат тој, дури и да барам
Прашање за тие што сте имале проблем со Д димерите или хемостаза во прва бременост. Кога ги испитувавте во втора бременост? Има потреба од почеток или може во 26та недела?
Жени, Д димерите ми се 2956 во 28+ гн. со близнаци. Гинекологот ми кажа дека ми се ок, но пак не ме држи место. Некоја мама со близнаци да сподели искуство или пак мама што би знаела некоја табела или нешто повеќе.
800 димери во авицена плус хемостаза т.е. времињата комплет пакет 2600. За боцкање во стомак ми рекоа од Гак да избегнувам. Јас боцкам во бут, горе на надебелото. Под 90степени по совет на членка од тука, болат мн помалце.
Незнам, имав мало крварење па ми рекоа да избегавам стомак за боцкање. Незнам дали е поврзано или ѕака треснаа.
Јас сум 38+5 и сеуште боцкам во стомак. И докторот што ќе ме пораѓа и трансфузиологот кај што одам ми кажаа дека е најдобро
За природен пораѓај до која недела се прима клексан? За царски мислам дека 24 часа пред пораѓај ама тоа е со термин и се знае кога , но за природен како да правиме?