А јас си се влечкам со поднесување на барањата, имам за јануар и февруар, мислам брзо оди. Кој знае до кога ќе ги чекам парите и колку ццц.
За клексаните враќаат точно 201 ден ,плус одбиваат некаква партиципација...јас првиот пат поднесов за 100 примени клексани ,значи дадов 25000 , а ми рефундираа скоро 17000
Со мутации кога испитавте димери, после позитивен тест или пред тестот? Клексан колку што ми објасни матичната само се прима поради покачени димери, не мутации. Дали на некоја при нормална бременост се случува да се покачат понекогаш? Скрос заборавив како ми беше со првата бременост, знам само дека ништо не примав а не се сеќавам кога испитував.
Ја имам/в нормална бременост и ми се покачија во рок од 20 дена рипнаа на 3300 плус со лакуни на постелка бев.
Значи хаос се докториве, додека се убедуваме кој да ми даде упут и со која шифра снема термини. Гинекологот ми вели општ матичен, општиот матичен ми вели гинекологот.
Нареден пат пиши ми лп, со твои податоци и матичен општ да видиш како се закажува. Мака ми беше ама ме научија како треба, пиши ми слободно
До кога боцкате во стомак, јас 16 недела почнав најизменично во рака и стомак ама веќе во рака ми се прават внетрешни топки и ме болат раце по неколку боцкања, некако стомакот ми е многу оптегнат па незнам дали да продолжам и ми потекува крв по малце незнам дали е веќе заситено местото веќе 2 месеци боцкам фраксипарин, во нога не сум пробала, ме интересира до кога се препорачува боцкање во стомак некако најмалце ме боли.
До 17 недела боцкав четири прсти од папок околу, Али како расте мешко и се оптегнува кожата продолжив во спољерите, баш ми е практично и безболно.
Мами да прашам дали на некоја од вас и ги имаат прекинато клексаните зошто немало потреба повеќе да се примаат? Инаку сум 15+ недела
Кој ти кажа да го прекинеш клексаните, гинеколог или трансфузиолог? Д димери и хемостаза како ти се? Дали имаш генетски мутации?
Има ли рок за поднесување за рефундација? Примав 13 клексани, сега бев на контрола ми продолжија уште 14. Дали треба да поднесам во Фондот за тие 13, или може да чекам и овие 14 да поминат?
Нели? Ко само клексаните да се. Јас разбрав дека со клексаните ќе почнеле од оваа недела со исплата , до претходната исплаќале боледувања