Кај да барам 2 мислење, се мрднав денес. Јани вика не си требала ни до сега, само по индикации од гинеколог ако имало незнам што, а матичната мислам дека го нема ни прочитано извештајот од минатиот пат
Јас би ти ја препорачала др. Павлина- трансфузиолог во Ремедика. Провери ако можеш консултирај се со неа.
Јани сигурно знае дали за мутации ти треба клексан или не, и плус ги гледа резултатите од ддимери и хемостаза.Павлина од Ремедика јас лично не ја преоирачувам, бев кај неа лани, ми остави впечаток дека ништо не разбира.
Вие што промате 2x1 Клексан и Аспирин секој ден, како се боцкате ? Мислав сабајле и вечер кое време се боцкате со Клексан, а кое време го пиете Аспиринот?
Јас 11ч сабајле и 23ч вечер за клексан, аспирин пијам преку еден ден во 05:30 сабајле бидеќи Јани ми рече да го пијам на гладно и да има разлика од клексанот.
Да не знаете дали на трансфузиологија има термини неделава за д димери и хемостаза или си одам на приватно?
Јас вчера бев ама на закажано и со доктор, кога завршив ги прашував на шалтер како да закажам за проверка на д димери и хемостаза без консултација со доктор бидејќи за кај него нема термин, ми рекоа преку матичен гинеколог или општ, секој ден пуштале по 40 термини. Ај баш ако пробаш вака те молам пиши да знаеме и ние, зошто ако чекаме термин кај доктор за да провериме и ова ќе се породиме
Не да имаш впечаток туку така е. Колку лошо искуство имам со неа. Ми рече пиј обична фолна ама појачана и тоа. Ми правеа испитувања на хемостаза па излезе немаат реагенси за се и на крај ми рече : девојче ај оди сега на клиника на трансфзуија втора смена е тој и тој колега замоли го да те прими, да ти ги допраи другите анализи . А си лупнав 100 евра па барав врски на трансфузија И сега во Ремедика гинекологот ми вика ми треба второ мислење од трансфузиолог. И од кој викам. Од Павлина. Ау извини ама моја нога кај неа не стапнува.На клиника си терам
Како ништо не разбира др.Павлина од Ремедика??? по што свативте дека не разбира ништо вие @macalavica сте трансфузиолог? јас одам кај нејзе два месеци ме следи и сум задоволна не зборете така има и други членки сигурно што биле кај нејзе неможете така да зборите стварате несигурност еве и кај мене што одам кај нејзе.
Па јас тврдам дека не разбира,според моето искуство со неа, и јас одев кај неа лани, ми даде терапија само за 20 дена клексан и ми ми ги прекина, воопшто не ме насочи да испитам нешто дополнително, иако имав скртени времиња, и плус автоимуна состојба.Ако е во приватна клиника не значи дека е стручњак, и дека се знае, доста ги величате докториве по приватни клиники.Воопшто не се позамара жената да ме следи и да ми одреди соодветна терапија.Јас имам специфичен случај со автоимуни антитела за лупус и сјорген кај кои по протокол треба да се дополни и антикоагулантна терапија за да има успешна бременост ама дотичната докторка не е доволно едуцирана за жал. Од еден куп неспособни доктори како неа што ме третираа како експериментален глушец лани го изгубив бебето во 29 недела.Сега поучена од предходното искуство сменив и матичен лекар, и ревматолог и трансфузиолог. Имам терапија според сите протоколи за високо ризична бременост при автоимуно заболување и верувам дека овој пат ке успеам да родам здраво бебе. Подобро фати врски или окапи чекајки на трансфузиологија да дојдеш до Јани да не си ја чукаш главата како мене на крај, ова најдобро намерно ти го советувам.Батали ја Павлина.
Нема термини мене за неделава ми требаше немало ништо, а да не знаеш далу може било кое време да се испита или на гладно треба?
Ама зошто мислите одма дека некој ги велича само зашто се во приватна клиника. баш ми е жал што сте имале такво искуство со неа, ама има и луѓе со многу позитивно искуство. Еве моја братучетка после 3 спонтани абортуси истера успешна бременост благодарение на неа. Нормално дека не би ја препорачала некому кој е на мака само зашто работи во приватна клиника.
So mutacii kleksan se prima do kraj na bremenost, smeni go transfuziologot baraj vtoro mislenje pred da prekines